The Jesus Prayer – За Исусова молитва (part 2)
Conversation between the Elder and the Student
Student: It seems to me that the view of Elder Seraphim is too strict.
Elder: It looks like that only when you examine it superficially. It seems like that because of the insufficient understanding of the great spiritual riches hidden within Christianity. Blessed Seraphim expressed not only his own opinion, but he also expressed the opinion that belongs to all the Holy Fathers and the Orthodox Church.
Saint Hesychius of Jerusalem says: “He who has renounced all living things, starting with women, property and other similar things, only his outer man has become a monk, not his inner man, that is, his mind.” A true monk is the one who has renounced his passionate thoughts. Such a one can also easily, whenever he wants, make a monk of his outer man. But it is a great struggle to make your inner man a monk. Who knows if there are any such monks in modern generations who have been perfectly freed from biased thoughts and have been honoured with pure, uncreated, ceaseless prayer – what is the sign of an inner monk? ”
When the Venerable Agathon, the priest of the Egyptian Scythians, was asked what was more important, bodily struggle or inner struggle?
He replied: “Man is like a tree; the bodily struggle corresponds to what is the leaf of the tree, and the inner to the fruit. But as it is said in the Scriptures, every tree that does not produce good fruit is cut down and thrown into the fire. In summary all our care should be for the fruit, that is, for how to guard the mind. It is necessary, of course, that the tree be covered and decorated with leaves; that is a picture that represents the bodily struggle.” “Oh miracle!” exclaimed the blessed Nicephorus Athonite, quoting the words of the Venerable Agathon in his work on the spiritual struggle, what a saying this Saint pronounced against all those who do not guard the mind, but hope and rely only on the bodily struggle! “Any tree that does not bear good fruit, i.e. guarding the mind, and has only leaves, i.e. bodily struggle, is cut and thrown into the fire! Father, this is a horrifying statement! ”
The guarding of the mind, the protection of the mind, the sobriety, the attention, the action of the mind, the prayer of the mind, they are all different designations of the same struggle of the soul in its various kinds.
In its time, the psychological struggle turns into the spiritual. The spiritual struggle is the same as the psychological, only overshadowed (supported) by the Divine grace. This psychological or spiritual struggle is defined by the Fathers as follows: “Attention is heartfelt, it is unceasing tranquility, a prayerful silence, which always and constantly calls Jesus Christ, the Son of God, and, God, in order to breathe through Him, to bravely attack the enemy with Him, to confess to Him, the only One who has authority to forgive sins.” Simply put, it is an inner action, intellectual, psychological action, mental prayer, sobriety, keeping and protecting the mind, and attention, all of this is the same as the thoughtful practice of the Jesus prayer fulfilled with fearful respect. Blessed Nicephorus of Athos compared these terms to a slice of bread which, according to its shape, could be called a bite, a slice, and a piece.
The divine scripture of the Old Testament commands: “Above all else, guard your heart with all diligence, for from it springs the sources of life.” (Proverbs 4, 23) Be vigilant, lest some cunning thought enters your heart.
Saint Ignatius Brianchaninov
Foundation of the Spiritual Life (Excerpt)
~+~
Pазговор на старецот со ученикот
Ученикот: Ми се чини дека мислењето на старец Серафим е премногу строго.
Старецот: Тоа изгледа така само при површно гледање на него. Тоа така се покажува при недоволно поимање на великите духовни богатства што христијанството ги крие во себе. Блажениот Серафим го изнел не само сопственото мислење, тој го изнел мислењето кое им припаѓа на сите свети Отци и на Православната Црква.
Свети Исихиј Ерусалимски вели:”Оној што се одрекол од сè житејско, од жена, од имот и слични нешта, го замонашил само надворешниот свој човек, а не и внатрешниот, односно умот. Вистински монах е оној кој се одрекол од страсните помисли. Тој непречено може, кога сака, да го стори монах и надворешниот човек. Но, голем подвиг е да се стори монах внатрешниот човек. Којзнае дали во современите поколенија монаси има таков кој совршено се избавил од притрасни помисли и се удостоил со чиста, невештествена, непрестајна молитва – што е знак за внатрешен монах?” Кога преподобен Агатон, свештеноинок на Египетскиот Скит, го прашале што е поважно, телесниот подвиг или внатрешниот подвиг, тој одговорил:”Човекот е сличен на дрво; телесниот подвиг одговара на она што е листот за дрвото, а внатрешниот на плодот. Но, како што е речено во Писмото, секое дрво, што не дава добар плод, се сече и фрла во оган. Од тоа следи дека сета наша грижа треба да е за плодот, то ест за тоа како да се чува умот. Потребно е, секако, дрвото да биде покриено и украсено со лисја, тоа е слика што го претставува телесниот подвиг.” “ О чудо! – восклика блажениот Никифор Атонски, наведувајќи ги зборовите на преподобниот Агатон во своето дело за духовниот подвиг, каква изрека изрече овој светител против сите оние кои не го чуваат умот, а се надеваат само на телесниот подвиг! Секое дрво кое не раѓа род добар, т.е. чувањето на умот, и има само лисја, т.е. телесен подвиг, се сече и в оган се фрла! Страшна е, оче, твојата изрека!” Чувањето на умот, заштитата на умот, трезнењето, вниманието, умното делување, умната молитва, сите тие се различни наименувања на еден и ист подвиг на душата во неговите разни видови. Во свое време, душевниот подвиг поминува во духовен. Духовниот подвиг е истиот оној душевен но само осенет од Божествената благодат. Тој душевен или духовен подвиг, Отците вака го определуваат:” Вниманието е срдечно, непрестајно безмолвие, молитвено тихување, што секогаш и постојано го повикува Исус Христос, Синот Божји и Бог, за преку Него да се дише, со Него храбро да се напаѓа непријателот,за Нему да му се исповеда, единствениот Кој има власт да ги простува гревовите.”Едноставно речено, внатрешно делување, умно, душевно делување, умна молитва, трезвеност, чување и заштитување на умот, внимание, сето тоа е исто што и грижливо, исполнето со стравопочит вежбање на Исусовата молитва. Блажениот Никифор Атонски ги споредил овие називи со пресеченото парче леб кое сообразно на обликот, може да биде наречено и залак, и парче, и комат. Божественото писмо на Стариот Завет заповеда: Од сè што е за пазење,најмногу чувај го срцето свое,зашто од него се изворите на животот ( Изрек. 4,23). Пази се, да не влезе во срцето твое лукава мисла.
Свети Игнатиј Брјанчанинов
Темели на духовниот живот (извадок)