THE JESUS PRAYER – ЗА ИСУСОВАТА МОЛИТВА (part 1)
Conversation between the Elder and the Student
~+~
Student: Can all the brothers in the monastery engage in the Jesus prayer (“Lord Jesus Christ have mercy on me, a sinner”)?
Elder: Not only can they but they must. During the monastic tonsure, when the newly tonsured monk is given a prayer rope, which for that occasion is called a spiritual sword, he is given in the form of the covenant a ceaseless, day-and-night praying with the Jesus prayer. So, the practicing of the Jesus prayer is a monastic vow. Fulfilling this vow is an obligation from which there is no abandonment.
The old monks told me that even at the beginning of this (last) century in the Sarov’s Desert, and probably in other well-organised Russian monasteries, every newcomer to the monastery was immediately taught the Jesus prayer. Blessed Elder Seraphim, who lived a life of asceticism in the desert, and attained perfection, constantly advised the monks to live a heedful life and to practice the Jesus prayer.
He was once visited by a young man who had graduated in a theological seminary and he revealed to the Elder his intention to become a monk. The Elder gave him salvific lessons for his soul. Among these lessons, he conveyed to him a pledge to practice the Jesus prayer. Telling him about it, the Elder said: “External prayer alone is not enough. God follows the human mind, therefore those monks who do not combine external prayer with internal prayer are not monks.” Very accurate discernment! A monk means a recluse. He who has not become isolated within himself, he is not yet a recluse, he is not yet a monk, even if he lives in the most secluded monastery. The mind of the ascetic who has not become isolated and locked in himself, will inevitably find himself amid noise and congestion, caused by numerous thoughts, which will always have free access to him, and he will, painfully, without any need and benefit, and on the contrary, to his detriment, wanders with his mind in the world(ly). The seclusion (isolation) of man in himself cannot be done other than through heedful prayer, and above all through heedful reciting of the Jesus prayer.
Saint Ignatius Brianchaninov
(Foundations of the Spiritual Life)
Pазговор на старецот со ученикот
~+~
Ученикот: Можат ли сите браќа во манастирот да се занимаваат со Исусовата молитва (“Господи Исусе Христе помилуј ме грешниот”)?
Старецот: Не само што можат туку и мораат. При монашкиот постриг, кога на новопострижениот му се врачуваат бројаници, што за таа пригода се нарекуваат духовен меч, му се предава во завет непрестајно, деноноќно молење со Исусовата молитва. Значи, вежбањето во Исусовата молитва е монашки завет. Исполнувањето на заветот е обврска од која нема одрекување.
Старите монаси ми кажуваа дека уште на почетокот на ова столетие во Саровска Пустина, а веројатно и во другите благоустроени руски манастири, секој нов што ќе стапел во манастирот, веднаш го учеле на Исусовата молитва. Блажениот старец Серафим, кој се подвизувал во таа пустина и кој достигнал совршеност во молитвата, постојано ги советувал монасите да водат внимателен живот и да се занимаваат со Исусовата молитва.
Него еднаш го посетил еден младич, кој имал завршено духовна семинарија, и му ја открил на старецот намерата да стапи во монаштво. Старецот му дал спасителни за душата поуки. Меѓу нив, му предал и завет да се учи на Исусова молитва. Кажувајќи му за неа, старецот рекол:”Само надворешна молитва не е доволно.
Бог го следи умот човеков, па затоа оние монаси кои не ја соединуваат надворешната молитва со внатрешната, не се монаси.” Многу точна определба! Монах значи осаменик. Кој не се осамил во самиот себе,тој уште не е осаменик,тој уште не е монах, макар и да живее во најосамен манастир. Умот на подвижникот што не се осамил и не се заклучил во себе, нужно ќе се најде среде врева и метеж, предизвикани од безбројни помисли, кои имаат секогаш слободен пристап во него, и тој болно, без било каква потреба и полза, а напротив, на своја штета, заскитува по светот. Осамувањето на човекот во самиот себе не може да се изврши поинаку освен преку будна молитва, а пред сè со внимателна Исусова молитва.
Свети Игнатиј Брјанчанинов
(Темели на духовниот живот)