The Holy Martyrs Vera, Nada and Ljubov (Faith, Hope and Love) and their Mother Sophia (Wisdom) — Светите маченички Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија
30 September – 30 Септември
~+~
The Holy Martyrs Vera, Nada and Ljubov (Faith, Hope and Love) and their Mother Sophia (Wisdom)
They all lived and suffered in Rome during the reign of Emperor Hadrian. Sophia was wise, as her name implies. She was left a widow, and had established herself and her daughters well in the Christian Faith. When the persecuting hand of Hadrian extended even over the virtuous home of Sophia, Vera was only twelve; Nada, ten; and Lyubov was nine years old. Brought before the emperor, these four held each other’s hands, humbly but steadfastly confessed their faith in Christ the Lord and refused to offer sacrifices to the pagan idol Artemis. Before their suffering, the mother encouraged her daughters to endure to the end: “Your heavenly Bridegroom, Jesus Christ, is eternal health, inexpressible beauty and eternal life. When your bodies are slain by torture, He will clothe you in incorruption and the wounds on your bodies will shine in the heavens as stars.” One by one the torturers inflicted cruel torments, first on Vera, then on Nada, and then on Lyubov. They beat them, slashed them, cast them into fire and boiling pitch, and finally beheaded them with the sword one after another. Sophia took the dead bodies of her daughters outside the town and honourably buried them. She remained at their grave for three days and three nights, praying to God. Then she gave her spirit to God, going away to the Heavenly Settlements, where the blessed souls of her glorious daughters awaited her.
~+~
Светите маченички Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија
Живееја и страдаа во Рим, во времето на царот Адријан. Мудрата Софија, како што ја одликува и името што го носи (Cофија – мудрост), остана вдовица, а како добра христијанка се утврди себеси и своите ќерки добро во верата Христова. Во времето кога мачителската рака на Адријан се протегна и врз добордетелниот дом на Софија, Вера имаше дванаесет, Надеж десет, а Љубов девет години. Изведени пред царот тие сите четири држејќи се за раце смерно но одлучно ја исповедаа верата во Господ Христос и одбија да ѝ принесат идолски жртви на Артемида. Пред страдањето мајката ги крепеше ќерките со совети да истраат докрај. „Вашиот небесен љубител Исус Христос е вечно здравје, неискажлива убавина и живот бесмртен. И кога вашите тела ќе бидат убиени во маки, Он ќе ве облече во нераспадливост и раните на вашите тела ќе светнат на небото како ѕвезди.“ Мачителот ги мачеше со лути маки сите една по една: најпрво Вера, па Надеж, па Љубов. Ги тепаа, ги сечеа, ги фрлаа во оган и во врела смола и најпосле една по една ги убија со меч. Софија ги зеде мртвите тела на своите ќерки, ги однесе надвор од градот и таму чесно ги погреба. Остана на нивниот гроб три дена и три ноќи молејќи Го Бога и така Му го предаде својот дух итајќи во рајските населби, каде што ја чекаа душите на нејзините блажени ќерки.