THE HOLY MARTYR CHRISTINA – СВЕТА МАЧЕНИЧКА ХРИСТИНА
~+~
Christina was born in the city of Tyre. She was the daughter of Urban, the imperial deputy, an idol-worshipper. The reason her parents gave her the name of Christina is unknown, but it contained within itself the mystery of her future following of Christ. Until the age of eleven she knew nothing of Christ. When she reached that age, her father made her live in the top of a high tower, in order to protect her from the world, because of her extraordinary beauty. He planned to have her live there until she reached full maturity. All the comforts of life were afforded her–slaves to serve her, and gold and silver idols that she might offer sacrifices to them daily. However, the soul of young Christina was saddened in this isolated, idolatrous environment. Looking out the window each day at the sun and all the beauty of the world, and again at night at the wondrous constellations of shining stars, Christina came to a firm belief in the One Living God through her own natural understanding. The merciful God, seeing her longing for the truth, sent His angel to trace the sign of the Cross upon Christina. The angel called her the bride of Christ, and instructed her fully in the knowledge of divine things. Then Christina smashed all the idols in her quarters, thus provoking wild fury in her father. He brought her to trial, and had her tortured. Then he had her thrown into prison, intending to have her beheaded the next day. That night Urban, who had been in full health, spewed forth his soul and went to the grave before his daughter. After this, two imperial deputies, Dion and Julian, continued to torture this holy virgin. Christina’s courageous endurance and the miracles she worked by the power of God converted many pagans of Tyre to Christianity. During the torturing of Christina, Dion suddenly fell dead in the midst of the people. Dion’s successor, Julian, severed Christina’s breasts and tongue. The martyr threw her severed tongue into Julian’s face, and he was instantly blinded. Finally, her suffering for Christ ended beneath the sharp sword, but her life continues in the Immortal Kingdom of the angels. St. Christina suffered honourably in the third century.
~+~
Родум од градот Тир, ќерка на царскиот намесник Урбан, идолопоклоничка. Не се знае од кои причини родителите и го имаа дадено името Христина, но тоа ја криеше во себе тајната на нејзиното идно одење по Христа. До својата единаесетта година не знаеше за Христа ништо. А кога наполни единаесет години, нејзиниот татко, со цел до полната возраст да ја скрие од светот заради нејзината вонредна убавина, и го одреди највисокиот кат од една висока кула и ја всели да живее таму. и ги устрои сите удобности за живот, и даде робинки да ја служат, постави во нејзините одаи сребрени и златни идоли за секојдневно да им принесува жртви. Но на таа млада душа и беше тегобно во онаа идолопоклоничка средина. Гледајќи ги низ прозорецот дење сонцето и сите убавини на светот, а ноќе чудесното блескање на ѕвездите, таа по својот природен разум дојде до цврстата вера во едниот жив Бог. Милостивиот Бог, Којшто го виде нејзиниот копнеж по вистината, и испрати ангел кој ја прекрсти со крсниот знак, ја нарече невеста Христова и наполно ја поучи во богопознанието. Тогаш Христина ги искрши сите идоли по нејзините одаи и така предизвика ѕверска јарост кај татко и. Тој ја изведе на суд, ја предаде на маки, а потоа ја фрли во затвор, со намера утредента да ја убие со меч. Но таа ноќ Урбан здрав како дрен ја испушти душата и отиде во гроб пред ќерка му. Потоа двајцата намесници Дион и Јулијан го продолжија измачувањето на Светата девица. Храброста во трпењето и чудата што ги изврши Христина со силата Божја обратија мнозина тирски незнабожци во христијанство. За време на нејзиното мачење Дион одеднаш падна мртов сред народот. Неговиот наследник Јулијан и ги отсече градите и јазикот. Маченичката го зеде својот јазик и му го фрли на Јулијан во очи, од што тој одеднаш ослепе. Најпосле нејзините маки за Христа завршија со смрт под остар меч, а нејзиниот живот се продолжи во бесмртното ангелско царство. Света Христина пострада чесно во 3 век.
Тропар
Верата твоја, света Христино, помести тројца мачители, како три планини обременети, телото кое во парчиња човечката злоба го раздроби, Животот него ќе го воскресне, о света гулабице Господова. Моли се, девственичке, срцата човечки да не останат затемнети, и неразумниот разум нивни помрачен, за да повикуваат: Господи, слава Ти!