The Holy Archangel Michael and all the Bodiless Powers of heaven – Светиот Архистратиг Михаил и останатите Сили небесни и бестелесни
The Holy Archangel Michael and all the Bodiless Powers of heaven
The angels of God were celebrated by men from earliest times but this celebration was often turned into the divinization of angels (II Kings 23:5). The heretics wove all sorts of fables concerning the angels. Some of them looked upon angels as gods; others, although they did not consider them gods, called them the creators of the whole visible world. The local Council of Laodicea (four or five years before the First Ecumenical Council) rejected the worship of angels as gods and established the proper veneration of angels in its Thirty-fifth Canon. In the fourth century, during the time of Sylvester, Pope of Rome, and Alexander, Patriarch of Alexandria, the present Feast of Archangel Michael and all the other heavenly powers was instituted for celebration in the month of November. Why precisely in November? Because November is the ninth month after March, and March is considered to be the month in which the world was created. Also, as the ninth month after March, November was chosen for the nine orders of angels who were created first. St. Dionysius the Areopagite, a disciple of the Apostle Paul (who was taken up into the third heaven), described these nine orders of angels in his book, On the Celestial Hierarchies, as follows: six-winged Seraphim, many-eyed Cherubim, God-bearing Thrones, Dominions, Powers, Virtues, Principalities, Archangels, and Angels. The leader of all the angelic hosts is the Archangel Michael. When satan, lucifer, fell away from God and drew a part of the angels with him to destruction, then Michael stood up and cried out before the faithful angels: “Let us attend! Let us stand aright! Let us stand with fear!” and all of the faithful angelic heavenly hosts cried out: “Holy! Holy! Holy! Lord God of Sabaoth! Heaven and earth are full of Thy glory!” Concerning the Archangel Michael, see Joshua 5:13-15 and Jude 1:9. Among the angels there reign perfect oneness of mind, oneness of soul, and love. The lower orders also show complete obedience to the higher orders, and all of them together to the holy will of God. Every nation has its guardian angel, as does every Christian. We must always remember that whatever we do, in open or in secret, we do in the presence of our guardian angel. On the day of the Dread Judgment, the multitude of the hosts of the holy angels of heaven will gather around the throne of Christ, and the deeds, words, and thoughts of every man will be revealed before all. May God have mercy on us and save us by the prayers of the Archangel Michael and all the bodiless heavenly powers. Amen.
Светиот Архистратиг Михаил и останатите Сили небесни и бестелесни
Од длабоката древност Божјите ангели се празнувани од луѓето. Но тоа празнување често се одметнуваше во обожување на ангелите (4 Царства 23, 5). Еретиците прикажуваа сешто за ангелите. Некои од луѓето во ангелите гледаа богови, други иако не ги сметаа за богови ги нарекуваа создатели на сиот видлив свет. Лаодикискиот помесен собор којшто се одржа четири или пет години пред I Вселенски Собор, со своето 35 правило го отфрли поклонувањето на ангелите како на богови и го востанови правилното почитување на ангелите. Во времето на папата Силвестер и александрискиот патријарх Александар (4 век), беше востановен овој празник на Архистратигот Михаил со другите небесни Сили, во месецот ноември. Зошто токму во ноември? Зашто после март ноември претставува деветти месец. А се смета дека во месецот март било создавањето на светот. А деветтиот месец после март е земен заради деветте ангелски чинови, коишто се најпрво создадени. Св. Дионисиј Ареопагит, ученик на Св. апостол Павле, т.е. на оној апостол којшто беше воздигнат до третото небо, овие девет ангелски чинови ги опиша во книгата „За небесната Јерархија“. Тие чинови се следните: шестокрилите Серафими, многуоките Херувими и богоносните Престоли, Господствата, Силите и Властите, Началата, Архангелите и Ангелите. Војвода на целата ангелска војска е архистратигот Михаил. Кога сатаната, луцифер, отпадна од Бога и со себе ги повлече во пропаст еден дел од ангелите, тогаш Михаил стана и возвикна пред не-отпаднатите ангели: „Да внимаваме! Да застанеме добро, да стоиме со страв!“ И сите небесни војски на верните ангели громко запеаја: „Свјат, Свјат, Свјат Господ Саваот исполн небо и земља слави Твојеја!“ (за Архистратигот Михаил види во Книгата на Исус Навин 5, 13 – 15). Меѓу ангелите владее совршено едномислие, еднодушност и љубов, а покрај тоа и потполна послушност на пониските чинови кон повисоките и на сите заедно кон светата Божја волја. Секој народ си има свој ангел пазител, а освен тоа и секој христијанин има свој ангел пазител. Треба секогаш да се сеќаваме дека што и да правиме, јавно или тајно, го правиме тоа во присуство на својот ангел-чувар. А на денот на Страшниот Суд сето огромно мнозинство ангели ќе се соберат околу Христовиот престол и пред сите нив ќе се објават сите дела, зборови и помисли на секој човек. Да нe’ помилува Бог и да нe’ спаси по молитвите на Св. архистратиг Михаил и на другите небесни бестелесни сили. Амин.
20 / 11 / 2020 @ 23:44