Saints Cosmas and Damian – Светите Козма и Дамјан
Cosmas and Damian were un-mercenaries and miracle-workers. They were brothers both in the flesh and in the spirit, born somewhere in Asia Minor of a pagan father and a Christian mother. After their father’s death, their mother Theodotia devoted all her time and effort educating her sons and raising them as true Christians. God helped her, and her sons matured as sweet fruit and luminaries of the world. They were educated in the art of medicine and they were ministering and helping the sick without payment, not so much with medicine as by the name of the Lord Jesus Christ. They were called “unmercenary physicians,” that is, unpaid physicians, for they healed freely and thus fulfilled the commandment of Christ: Freely you have received, freely give (Matthew 10:8). So careful were they in healing men free of charge that Cosmas became very angry on one occasion with his brother Damian because he accepted three eggs from a woman, Palladia, and ordered that he not be buried alongside his brother Damian after his death. In fact, St. Damian did not accept these three eggs as a reward for healing the ailing Palladia, but rather because she adjured him in the name of the Most-Holy Trinity to accept these three eggs. Nevertheless, after their death in the town of Fereman, they were buried together according to a revelation from God. The holy brothers were great miracle-workers both during their life and after their death. A snake crawled through the mouth and into the stomach of a certain farm labourer during his sleep, and the unfortunate man would have died in the greatest pain had he not, in the last moment, invoked the help of Saints Cosmas and Damian. Thus, the Lord glorified forever the miracle working of those who glorified Him on earth by their faith, purity and mercy.
~+~
Бесребреници и чудотворци. Браќа по тело и по дух, родум негде од Азија, од татко незнабожец и мајка христијанка. По смртта на татко им нивната мајка Теодотија целото време и труд ги даде на тоа да ги подигне и воспита синовите како вистински христијани. Бог и помогна, та нејзините синови израснаа како две слатки овошки и како два светилници на светот. Беа научени на лекарската вештина и бесплатно им помагаа на болните не толку со лекови колку со името на Господ Исус Христос. Ги нарекоа бесребрени лекари, бидејќи лечеа бесплатно и така ја исполнуваа Христовата заповед: „Бесплатно примивте, бесплатно давајте!“ (Матеј 10, 8). Беа толку внимателни во бесплатното лечење на луѓето што Козма вистински се налути на својот брат Дамјан зашто овој зеде три јајца од една жена Паладија, па нареди Козма по неговата смрт да не го закопуваат до брат му Дамјан. Всушност Свети Дамјан не ги зеде оние три јајца како награда зашто ја исцели болната Паладија, туку затоа што таа го заколна со Пресвета Троица да ги земе оние три јајца. Сепак по нивната смрт, во местото Фереман беа закопани заедно според Божјо откровение. Овие Свети браќа беа големи чудотворци и за време на животот и после смртта. На еден слуга на спиење му се беше вовлекла змија низ устата во стомакот и кутриот човек ќе издивнеше во најтешки маки, ако во последен миг не ги повикаше на помош Светите Козма и Дамјан. Така ги прослави Господ со чудотворство засекогаш оние коишто Го прославуваа Бога на земјата со вера, чистота и милост.