// Google analytics code

Saint Nicholas the Wonderworker, Archbishop of Myra in Lycia – Свети Николај Чудотворец, архиепископ Мирликиски

IMG_0514~+~

This glorious saint, celebrated even today throughout the entire world, was the only son of his eminent and wealthy parents: Theophanes and Nona, residents of the city of Patara in Lycia. Since he was their only son given to them by God, the parents returned the gift to God by dedicating their son to Him. The meaning of the spiritual life St. Nicholas learned from his uncle Nicholas, Bishop of Patara, and was tonsured a monk in the Monastery of New Zion founded by his uncle. Following the death of his parents, Nicholas distributed all his inherited goods to the poor, not keeping anything for himself. As a priest in Patara, he was known for his charity, even though he carefully concealed his charitable works, fulfilling the words of the Lord: Let not thy left hand know what thy right hand doeth (Matthew 6:3). When he gave himself over to solitude and silence, thinking to live that way until his death, a voice from above came to him: “Nicholas, for ascetic work go and labour among the people, if you desire to be crowned by Me.” Immediately after that, by God’s wondrous providence, he was chosen as archbishop of the city of Myra in Lycia. Merciful, wise and fearless, Nicholas was a true pastor to his flock. During the persecution of Christians under Diocletian and Maximian, he was cast into prison, but even there he instructed people in the Law of God. He was present at the First Ecumenical Council of Nicaea [325] and, out of great zeal for the truth, slapped the heretic Arius. For this act he was removed from the Council and from his archiepiscopal duties, until the Lord Christ Himself and the Most-Holy Theotokos  appeared to several of the chief hierarchs and revealed Their approval of Nicholas. A defender of God’s truth, this wonderful saint was courageous defender of justice among the people.
On two occasions, he saved three men from an undeserved death sentence. Being merciful, truthful, and righteous, he walked among the people as an angel of God. Even during his lifetime, the people considered him a saint and invoked his aid in difficulties and in distress. He appeared both in dreams and in person to those who called upon him, and he helped them equally easy, whether they would have been close at hand or far away. A light shone from his face as it did from the face of Moses, and he, by his presence alone, brought comfort, peace and good will among people. In old age he became ill for a short time and entered into the rest of the Lord, after a life full of labour and very fruitful toil, in order to rejoice eternally in the Kingdom of Heaven, continuing to help the faithful on earth by his miracles and to glorify his God. He reposed on December 6 (19 new calendar), 343 A.D.

Свети Никола Чудотворец, архиепископ Мирликиски

~+~

Овој славен светител, когошто и денес го слават по сиот свет, им беше единец син на своите богати и угледни родители, Теофан и Нона, жители на градот Патара во Ликија. Бидејќи им беше син единец даруван од Бога, тие Му го посветија на Бога, принесувајќи Му така дар. Знаењето за духовниот живот Св. Никола го стекна преку својот чичко Никола, епископот Патарски, и се замонаши во манастирот „Новиот Сион“, основан од тој негов чичко. По смртта на родителите Никола им го раздаде наследениот имот на сиромасите и ништо не задржа за себе. Додека беше свештеник во Патара тој многу се прочу со делата на својата милостиња, иако ги криеше грижливо, за да го исполни зборот Господов: „Да не знае твојата лева рака што прави твојата десна рака“ (Матеј 6, 3). Кога се предаде на самотност и на безмолвие, мислејќи така да проживее до смртта, му дојде глас одозгора: „Појди на подвиг меѓу народот, ако сакаш да бидеш од Мене овенчан.“ Веднаш потоа според чудесната Божја Промисла беше избран за епископ на градот Мир во Ликија. Милостив, мудар, неустрашлив. Св. Никола му беше вистински добар пастир на своето стадо. За време на гонењето на христијаните под Диоклецијан и Максимијан го фрлија во затвор, но тој и во затворот ги поучуваше луѓето на законот Божји. Присуствуваше на Првиот Вселенски Собор во Никеја и од голема ревност за вистината го удри еретикот Ариј. За ова дело го отстранија од Соборот и од архиерејската служба, сѐ додека на неколкумина од првите архиереи на Соборот не им се јавија Самиот Господ Христос и Пресвета Богородица и не го објавија своето благоволение кон Никола. Чувар на Божествената вистина, овој чудесен Божји светител беше и одважен заштитник на правдата меѓу луѓето.

На двапати спаси по тројца луѓе од незаслужена смртна казна. Милостив, вистинољубив и праведен, одеше меѓу луѓето небаре ангел Божји. Уште за време на животот луѓето го сметаа за светител и го повикуваа на помош во маки и неволји и им се јавуваше во сон и на јаве на тие што го повикуваа, еднакво лесно дали се блиску или далеку, и им помагаше. Од неговото лице блескаше светлина како од лицето Мојсеево, па и со самата своја појава им носеше на луѓето утеха, мир и добра волја. На старост малку се разболе и се упокои во Господа, многустрадален и многуплоден, за вечно да се весели во Небесното Царство продолжувајќи да чудотвори на земјата, помагајќи им на верните и прославувајќи Го својот Бог. Се упокои на 6 (19) декември 343 година.

18 / 12 / 2020


About The Author