// Google analytics code

Saint Ignatius Brianchaninov – On Jesus’ Prayer 1 – Свети Игнатиј Брјанчанинов – За Исусовата молитва 1

116~+~

In its time, the psychological struggle turns into the spiritual. The spiritual struggle is the same as the psychological, only overshadowed by the Divine grace. This psychological or spiritual struggle is defined by the Fathers as follows: “Attention is heartfelt, it is unceasing tranquillity, a prayerful silence, which always and constantly calls Jesus Christ, the Son of God, and, God, in order to breathe through Him, to bravely attack the enemy with Him, to confess to Him, the only One who has authority to forgive sins.” Simply put, it is an inner action, intellectual, psychological action, mental prayer, sobriety, keeping and protecting the mind, attention, all of this is the same as the thoughtful practise of the Jesus prayer fulfilled with fear and respect. (fearful-respect). Blessed Nicephorus of Athos compared these names to a slice of bread which, according to its shape, could be called a bite, a slice, and a piece.

The divine scripture of the Old Testament commands: “Above all else, guard your heart with all diligence, for from it spring the sources of life.” Be vigilant, lest some cunning thought enters your heart.

The New Testament especially commands vigilance over the heart and its purification. All the commandments of the Lord are aimed in that direction: “First cleanse the inside of the cup and dish, that the outside of them may be clean also.” Here the Lord called the people vessels of fragile glass and of worthless clay. “What comes out of man is that which defiles man. For from within, out of the heart of men, come forth evil thoughts, adultery, fornication, murder, theft, covetousness, deceit, malice, evil eye, blasphemy, pride, foolishness. All these evil things come from within and defile a man.”(Mark 7: 20–23).

Saint Barsanuphius the Great says: “If the inner action with God, i.e. the inner action overshadowed by the Divine grace, does not help man, then he asceticises in vain with external, bodily asceticism ”

St. Isaac the Syrian says the same: “He who has no spiritual action is deprived of spiritual gifts.” In another sermon, this great teacher of Christian asceticism compares bodily asceticism, without the asceticism of purifying the mind, to barren thighs and withered breasts. “They, says the saint, cannot draw near to the mind of God.”

Saint Hesychius of Jerusalem says: “He who does not have prayer pure from thoughts, has no weapon of defence. I am talking about the prayer that constantly acts inside the soul, about the prayer in which, at the call of Christ, the enemy who secretly fights is defeated and burned. ”

“It is impossible to purify the heart and cast out hostile spirits without frequent invocation of Jesus Christ.”

“As it is not possible to live an earthly life without eating and drinking, so it is impossible for the soul, without guarding the mind and purity of heart, of which sobriety consists, and that which is called getting clear-headed, to reach anything spiritual, or to be liberated from the sinful thought, even if one forces himself not to sin out of fear before the eternal torment ”.

 

~+~

Свети Игнатиј Брјанчанинов – За Исусовата молитва 1

Во свое време, душевниот подвиг поминува во духовен. Духовниот подвиг  е истиот оној душевен но само осенет од Божествената благодат. Тој душевен или духовен подвиг, Отците вака го определуваат: ”Вниманието е срдечно, непрестајно безмолвие, молитвено тихување, што секогаш и постојано го повикува Исус Христос, Синот Божји и Бог, за преку Него да се дише, со Него храбро да се напаѓа непријателот, за Нему да му се исповеда, единствениот Кој има власт да ги простува гревовите.”  Едноставно речено, внатрешно делување, умно, душевно делување, умна молитва, трезвеност, чување и заштитување на умот, внимание, сето тоа е исто што и грижливо, исполнето со стравопочит  вежбање на Исусовата молитва. Блажениот Никифор Атонски ги споредил овие називи со пресеченото парче леб кое сообразно на обликот, може да биде наречено и залак, и парче, и комат.

 

Божественото писмо на Стариот Завет заповеда: Од сè што е за пазење,најмногу чувај го срцето свое,зашто од него се изворите на животот ( Изрек. 4,23). Пази се, да не влезе во срцето твое лукава мисла.

Особено со Новиот Завет се заповеда бдеење над срцето и негово очистување. Кон тоа се упатени сите заповеди Господови: “Очисти ја чашата и чинијата најнапред внатре, за да бидат чисти и однадвор. Овде Господ луѓето  ги нарекол садови од кршливо стакло и од безвредна глина. Она што излегува од човекот,тоа го осквернува човекот. Зашто однатре, од срцето човечко,излегуваат лоши помисли, прељубодејствија, блудства, убиства, кражби, лакомства, лукавства, пакости, злоби, око лукаво, богохулство, гордост, безумство. Сето тоа зло однатре излегува и го осквернува човекот” (Marko 7,20–23).

 

Свети Варсануфиј Велики вели:”Ако внатрешното делување со Бога, т.е. осенето од Божествена благодат, не му помогне на човекот, тогаш тој залудно се подвизува со надворешен, телесен подвиг” Свети Исаак Сирин го вели истото:”Оној што нема душевно делување, лишен е од духовни дарови.” Во една друга беседа, овој голем наставник на христијанското подвижништво, ги споредува телесните подвизи, без подвигот на очистување на умот, со бесплодни бедра и пресушени дојки. “Тие, вели светителот, не можат да му се приближат на умот Божји.”  Свети Исихиј Ерусалимски пак вели: ”Оној кој нема молитва чиста од помисли, нема оружје за одбрана. Зборувам за молитвата што постојано дејствува во внатрешноста на душата, за  молитвата во која со повикување на Христос се поразува и се спалува непријателот кој тајно војува.”

“Неможно е да се очисти срцето и да се изгонат од него непријателските духови без често повикување на Исус Христос.” “Како што не е можно да се живее земскиот живот без јадење и пиење,така за душата е невозможно, без чување на умот и чистотата на срцето, од што и се состои трезнењето и она што се нарекува отрезнување, да достигне до било што духовно, или да се ослободи од мислениот грев, па макар некој и од страв пред вечните маки да се принудува да не греши”.

 


About The Author