// Google analytics code
  • Јас сум лозата, а вие прачките; и кој е во Мене, и Јас во него, тој ќе даде многу плод; оти без мене не можете да правите ништо. Како што ме возљуби Отецот, и Јас ве возљубив вас. Бидете во Мојата љубов! Ако ги запазите Моите заповеди, ше останете во љубовта Моја. како што Јас ги запазив заповедите на Мојот Отец и останувам во љубовта Негова. Ова ви го реков, за да остане радоста Моја во вас, и радоста ваша да биде полна. Ова е Моја заповед, да се љубите еден со друг, како што ве возљубив Јас. Никој нема поголема љубов од оваа: даја положи душата своја за своие пријатели.
  • January 2025
    S M T W T F S
     1234
    567891011
    12131415161718
    19202122232425
    262728293031  

    Отец Гаврил Галев: Чудото со синот на една вдовица

    Posted By on November 9, 2024

    IMG_0075~+~

    Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух. Амин!

    Во ова Евангелие и Евангелски настан, опишан во светото евангелието според Лука, се открива големината и славата Божја: Господ е единствен Господар на животот и на смртта, како и на се’ останато. Bдовицата, која што го оплакува својот син и на погребот ‘собрала’ многу народ е сведоштво за нејзината општествена положба: богата, славна и почитувана. Но тоа не и помогнало да ја спречи смртта на своето сакано и единствено дете. Тука не можел да и помогне ниту сиот собран народ, ниту пак богатството што го поседувала. Единствениот што може тоа да го направи е Бог, Господ Исус Христос.

    (more…)

    The salvific weep of the soul

    Posted By on November 9, 2024

    nain1~+~

    “Now it happened, that Jesus went into a city called Nain; and many of His disciples and a large crowd went with Him. And when He came near the city gate, behold, a dead man was being carried out, the only son of his mother, and she was a widow; and a large crowd of the city was with her. ”

    And, what if a large crowd accompanied her? Even if the whole world was with her, no man or angel could bring a dead person back to life, i.e. to resurrect a man from the dead. But still there is One who can resurrect the dead and even deliver them out of Hades.

    First, a note:

    Sometimes it is good to use the Alexandrian allegorical school in combination with the Macedonian ascetic-hesychastic school of thought in the interpretation of the Gospel.

    Thus, in this Gospel reading (Luke 7: 11–16), the dead person represents the mind of the man – held captive and dead by the passions, and his mother is the soul of a man; the stretcher on which the dead body is laid are the sins, while the gilders (pallbearers) are the demons. The people, i.e. the angels are sympathizing.

    (more…)

    Спасоносниот плач на душата

    Posted By on November 9, 2024

    nain~+~

    „Во она време, се случи Исус да оди во градот наречен Наин; и со Него одеа мнозина Негови ученици и многу народ. А кога се приближи до градската порта, ете, изнесуваа мртовец, единствен син на мајка си, а таа беше вдовица; и многу народ од градот одеше со неа.“

    И што ако многу народ одеше со неа? И целиот свет да одел, ниту еден човек или ангел не може да врати во живот мртов човек, т.е. да воскресне човек од мртвите. Но, сепак има Некој кој може и мртви да воскреснува, па дури и од адот да ги извлече. Прво, една забелешка:

    Понекогаш е добро при толкувањето на Евангелието да се користи и Александриската алегориска школа во комбинација со Македонската аскетско-исихастичка школа.

    Така, во оваа евангелие (Лука 7, 11–16), мртовецот го претставува умот на човекот – заробен и умртвен од страстите, а мајка му е душата човекова; носилата на кои е положен мртовецот се гревовите, додека пак, носачи се демоните. Народот, т.е. ангелите сочувствуваат.

    (more…)

    Saint Demetrius of Thessalonica

    Posted By on November 8, 2024

    Sv Dimitrij~+~

    Saint Demetrius of Thessalonica was a Christian martyr who lived in Thessalonica in the early 4th century. His day is celebrated on November 8 (October 26 according to the old calendar).

    This glorious and wonderworking saint was born in Thessalonica of noble and devout parents. Implored of God by childless parents, Demetrius was their only son, and so was raised and educated with great care. Demetrius’s father was a commander in Thessalonica. When his father died, Emperor Maximian appointed Demetrius as commander in his place. As he appointed him, Maximian, an opponent of Christ, particularly recommended that he persecute and exterminate the Christians in Thessalonica. Demetrius not only disobeyed the emperor but openly confessed and preached the Lord Jesus Christ in the city of Thessalonica. When the emperor heard of this he became furious with Demetrius. Then, when he was returning from battle, Maximian stopped at Thessalonica to investigate the matter. The emperor summoned Demetrius and questioned him about his faith. Demetrius openly acknowledged his Christian Faith to the emperor and also denounced the emperor’s idolatry. Maximian cast Demetrius into prison.

    (more…)

    Свети Димитриј Солунски – Житие

    Posted By on November 8, 2024

    Свети Димитриј Солунски бил христијански маченик кoj живеел во Солун во почетокот на 4. век.  Неговиот ден се празнува на 8. ноември (26 октомври по стариот календар).

    Овој славен и чудотворен светител се родил во градот Солун од благородни и благочестиви родители. Измолен од Бога од бездетни родители Димитриј беше син единец, заради што беше воспитан и однегуван со големо внимание. Татко му беше војвода солунски, па кога умре татко му го поставија Димитриј за војвода наместо неговиот татко. Кога го постави за војвода, христоборниот цар Максимијан особено му препорача да ги гони и истребува христијаните што беа во Солун. Но Димитриј не само што не го послуша царот туку напротив, јавно Го исповедаше и Го проповедаше Христа во градот Солун. Кога слушна за тоа царот Максимијан многу се огорчи на него, па еднаш враќајќи се од војна, царот сврати во Солун посебно за да ја испита оваа работа. Го повика, војводата Димитриј и го испитуваше за верата. Димитриј јавно пред царот призна дека е христијанин и го изобличи идолопоклонството на Максимијан. Разјарен, царот го фрли Димитриј во затвор. (more…)