// Google analytics code
  • Јас сум лозата, а вие прачките; и кој е во Мене, и Јас во него, тој ќе даде многу плод; оти без мене не можете да правите ништо. Како што ме возљуби Отецот, и Јас ве возљубив вас. Бидете во Мојата љубов! Ако ги запазите Моите заповеди, ше останете во љубовта Моја. како што Јас ги запазив заповедите на Мојот Отец и останувам во љубовта Негова. Ова ви го реков, за да остане радоста Моја во вас, и радоста ваша да биде полна. Ова е Моја заповед, да се љубите еден со друг, како што ве возљубив Јас. Никој нема поголема љубов од оваа: даја положи душата своја за своие пријатели.
  • January 2025
    S M T W T F S
     1234
    567891011
    12131415161718
    19202122232425
    262728293031  

    To you, it has been given to know the mysteries of the Kingdom of God

    Posted By on November 17, 2024

    Christ-the-Sower1 (2)~+~

    The ground on which the God-Man Jesus Christ sows the seed, that is, His word, is the spiritual heart of man; there is the essence of our mind. He sows it through those people of the Church who truly bear witness to Him. And they, on the other hand, sow it through their spoken or written word – word with power, i.e. through the word supported by deeds.

    From today’s Gospel reading, regarding the parable of the sower (see Luke 8, 5–15) the part about the seed that fell into the thorns is especially relevant to us, my thoughts on this are: just as the thorns are an obstacle for the fields to bring forth good fruit, so our sins are an obstacle for our hearts to bring forth the good fruit of virtue. Simultaneously, I say to myself, the spikes of the thorns are as a sin committed by deed, the leaf – a sin committed with words, the branches – a sin committed with thoughts.

    (more…)

    Вам ви е дадено да ги знаете тајните на Царството Божјо

    Posted By on November 17, 2024

    Sower~+~

    Почвата на којашто Богочовекот Исус Христос го сее семето, односно Своето слово, е човековото духовно срце; таму е суштината на нашиот ум. Го сее преку оние луѓе на Црквата кои вистински Го сведочат. А тие, пак, го сеат преку своето изговорено или пишано слово – во сила, т.е. преку словото поткрепено со дела.

    Од денешното евангелско четиво со приказната за сејачот (види: Лука 8, 5–15) посебно е актуелен за нас делот за семето што паднало во трње, па си помислив: како што трњето е пречка за нивата да донесе добар плод, така и гревовите се пречка за нашето срце да донесе добар плод на добродетелта. Притоа, си велам, боцките од трњето личат на грев сторен со дело, листот – на грев со зборови, гранките – на грев со помислите.

    (more…)

    A Sower went out to sow

    Posted By on November 17, 2024

    IMG_6873In the name of the Father and the Son and the Holy Spirit.

    ~+~

    I think that this Gospel reading is self-explanatory and there is no need for further explanation. More so, it is very easy to understand. The issue as to why we cannot understand lies within ourselves, because we do not really want to understand it. Our desire, or want, is to please ourselves, or rather our passions, rather than knowing the truth and to save ourselves.

    If we serve God, we will be amongst those of the last group of people indicated by Christ in the parable, in whom the seed, that is, the word, falls on good and clear ground and bears fruit. That means people with a pure heart, sincere, filled with love for God and for others, people who put themselves last.

    Sadly, not all people are like that, this is illustrated by the parable of the Sower who sows the seed, which represents the word of God. Some fell by the wayside, others fell on rocky ground, others fell among thorns, and all did not bear fruit and were choked. These are those temptations that we encounter every day in our lives and with which we should fight, not surrender to them and let them suffocate us.

    (more…)

    Излезе Сејач да сее

    Posted By on November 17, 2024

    SowerВо името на Отецот и Синот и Светиот Дух.

    ~+~

    Мислам дека ова Евангелие само по себе е доволно разбирливо и нема потреба за дообјаснување. И тоа, не малку, туку многу е разбирливо. Проблемот зошто не можеме да го разбереме е во нас самите затоа што ние всушност не сакаме да го разбереме. Повеќе сакаме да си угодуваме на себе, поточно на своите страсти отколку да ја спознаеме вистината и да се спасиме.

    Ако му служиме на Бога, ќе бидеме од оние од последната група на луѓе посочени од Христос во параболата, кај кои семето, односно словото, паѓа на добра и чиста земја и донесува плод. Тоа значи луѓе со чисто срце, искрени, исполнети со љубов кон Бога и кон другите, ставајќи се себе на последното место.

    За жал, сите не се такви, затоа се овие примери, на Сејачот кој го сее словото, и кај едни паднале покрај патот, други паднале кај каменито земјиште, трети паднале во трња и сите не донеле плод и биле загушени. Тоа се тие искушенија кои што секојдневно ги среќаваме во нашиот живот и со кои треба да се бориме, а не да им се предаваме и да дозволиме да не угушат.

    (more…)

    Father Gavril Galev: The Miracle of Raising the Widow’s Son.

    Posted By on November 9, 2024

    IMG_4625~+~

    In the name of the Father and of the Son and of the Holy Spirit. Amen!

     

    In this Gospel reading and Gospel event, described in the Holy Gospel according to Luke, the greatness and glory of God are revealed: God is the Only Lord of life and of death, as well as of everything else. The widow, who mourned her son and ‘gathered’ many people at the funeral, is a testimony to her social status: rich, famous, and respected. But that did not help her prevent the death of her beloved and only child. Neither all the people that were gathered nor the wealth she possessed could help her in this instance. The only One who can do that is God, the Lord Jesus Christ.

    (more…)