// Google analytics code
  • Јас сум лозата, а вие прачките; и кој е во Мене, и Јас во него, тој ќе даде многу плод; оти без мене не можете да правите ништо. Како што ме возљуби Отецот, и Јас ве возљубив вас. Бидете во Мојата љубов! Ако ги запазите Моите заповеди, ше останете во љубовта Моја. како што Јас ги запазив заповедите на Мојот Отец и останувам во љубовта Негова. Ова ви го реков, за да остане радоста Моја во вас, и радоста ваша да биде полна. Ова е Моја заповед, да се љубите еден со друг, како што ве возљубив Јас. Никој нема поголема љубов од оваа: даја положи душата своја за своие пријатели.
  • January 2025
    S M T W T F S
     1234
    567891011
    12131415161718
    19202122232425
    262728293031  

    За судењето и осудувањето – Отец Гаврил Галев

    Posted By on February 22, 2024

    ~+~

    Од овој Евангелски настан може да извлечеме многу поуки, меѓутоа овој пат би сакал да се концентрираме на една специфична и многу неблагодарна тема. Тоа е судењето и осудувањето поврзано со озборувањето, затоа што тие најчесто одат заедно.

    Најпрво, секој грев доаѓа од гордоста. Ние судиме и осудуваме пред се, а тоа да ви биде сигурно јасно, затоа што судејќи го другиот, ние едноставно признаваме дека тој е подобар од нас. Бидејќи горди, суетни, со високо мислење за самите себе, според кое ние мора да бидеме први, а не гледајќи се реално дека не сме, тогаш избираме да го судиме и осудуваме другиот. Го осудуваме и судиме другиот затоа што му завидуваме дека се наоѓа во некоја подобра позиција , иако тоа не го признаваме. Заради тоа и му завидуваме и љубомориме.

    Осудувањето, озборувањето е, ќе речам, најгнасна страст. Таа е како една нечистотија околу која се собираат нечисти инсекти, и потоа како болест и зараза ја рашируваат на сите страни и ја инфицираат околината. Тоа го правиме, прво во самите себе, но најчесто избираме да е во друштво, затоа што секогаш во злото бараме соучесник. На тој начин, не само што себе си правиме зло и си наштетуваме, туку го соблазнуваме и му наштетуваме и на другиот, кој што го инволвираме во нашето беззаконие на озборување, судење и осудување на својот ближен. Не само што себе се погубуваме, но и другите ги туркаме во пеколот, а што се вели за таквите во Евангелието? 

    Да му се врзe воденички камен…

    (more…)

    The Holy Apostle Timothy

    Posted By on February 3, 2024

    THE MOST FAITHFUL COWORKER OF THE APOSTLE PAUL

    ~+~

    As the fragrant rose grows from thorns, so the holy apostle Timothy came from a Greek father, who was very famous for his idolatry and belief in evil and he had an extremely bad nature. However, the mother, and, grandmother of this holy apostle were the complete opposite of his father. As devout Jewish women, both were holy and righteous, adorned with virtues, and were among the first to embrace the Christian faith. The name of the apostle Timothy means “honoured by God”, and he was indeed honoured by God to be a disciple of the holy apostle Paul, and later of the beloved disciple of Christ, the holy apostle and evangelist John the Theologian.

    The holy apostle Timothy was born and raised in the city of Lycia, in the region of Lystra, Anatolia, in the 17th year after Christ (17 AD). At that time, the holy apostle Paul, together with the holy apostle Barnabas, came to Lystra. Arriving there, they performed a great miracle: with one word they healed a crippled man; he was born crippled from his mother’s womb. Whereupon people were amazed and wondered if they were men or gods, so they said: “The gods came down to us in human form” (Acts 14, 11).

    (more…)

    Свети апостол Тимотеј

    Posted By on February 3, 2024

    НАЈВЕРНИОТ СОТРУДНИК НА АПОСТОЛ ПАВЛЕ

    ~+~

    Како што миризливата ружа израснува од трње, така и светиот апостол Тимотеј потекнувал од татко Грк, кој бил многу познат по идолoпоклоничкото зловерие и бил исклучително лош по нарав. Меѓутоа, мајката и бабата на овој свет aпостол биле сосема спротивни од татко му. Како побожни Еврејки, обете биле свети и праведни, украсени со добродетели и биле меѓу првите што ја примиле христијанската вера. Името на апостол Тимотеј значи „чествуван од Бога“, и тој навистина бил почестен од Бога да биде ученик на светиот апостол Павле, а подоцна и на возљубениот ученик Христов, светиот апостол и евангелист Јован Богослов.

    Светиот апостол Тимотеј се родил и бил воспитан во градот Ликија, во областа Листра, Анадолија, во 17 година по Христос. Во тоа време, светиот апостол Павле, заедно со светиот апостол Варнава дошле во Листра. Пристигнувајќи таму, направиле големо чудо: со еден збор исцелиле сакат од утробата на својата мајка, при што луѓето се чуделе и се прашувале дали тие се луѓе или богови, па рекле: „Боговите слегнале при нас во образ човечки“ (Дела 14, 11).

    (more…)

    Saint Anthony the Great

    Posted By on January 29, 2024

    Ven Anthony the Great (2)~+~

    Saint Anthony the Great is one of the Venerable and God-bearing fathers of the Orthodox Church, born in Egypt around 254 AD. Venerable Anthony was the leader among the desert fathers and the founder of eremitic/idiorhythmic monasticism. His memory is celebrated on January 30 i.e. January 17 as per old Julian Calendar.

    Hagiography

    Saint Anthony the Great was born in Egypt around 254 AD to noble and wealthy parents who raised him in the Christian faith. At the age of eighteen he was left without his parents, alone with his sister, whom he continued to care for. On one occasion, when he was on the way to the church he thought about the holy apostles, how they left everything, in order to follow the Lord. When he entered the temple, he heard the words of the gospel readings: “If you want to be perfect, go, sell your possessions and distribute them to the poor, and you will have treasures in heaven, and follow me” (Matt. 19:21). These words overwhelmed Anthony, as if God had spoken to him personally. Soon after Anthony renounced (forsook) his inheritance from his parents in favour of the poor residents of his village, but he was in two minds as to where to leave his sister. Being troubled with that thought, he entered the temple on another occasion and heard the Saviour’s words again, as if they were directed to him: “Do not worry about tomorrow, for tomorrow will worry about its own things. Sufficient for the day is its own trouble” (Matt. 6:34). Anthony entrusted his sister to Christian virgins whom he knew, and left the city and home in order to live alone and serve the Lord only.

    (more…)

    Свети Антониј Велики

    Posted By on January 29, 2024

    ~+~

    Свети Aнтониj Велики е еден од преподобните и богоносни отци на Православната Црква, роден во Египет околу 254-та година после Христа. Преподобен Антониј бил водач меѓу пустинските отци и основач на отшелничкото монаштво. Неговиот спомен се празнува на 17, односно 30 јануари.

    Житие

    Свети Антониј Велики се родил во Египет околу 254-та година од благородни и богати родители, кои го воспитале во христијанската вера. На осумнаесет години тој останал без своите родители, сам со својата сестра, за која продолжил да се грижи. Еднаш тој одел кон црква и размислувал за светите апостоли, како тие оставиле сè, за го следат Господа. Кога влегол во храмот, ги слушнал евангелските зборови: „Ако сакаш да бидеш совршен, оди, продаj го твојот имот и раздаj го на сиромаси и ќе имаш ризница на Небото, и оди по Мене” (Мт. 19,21). Овие зборови го поразиле Антониј, како Господ да му ги кажал нему лично. Наскоро Антониj се откажал од наследството на родителите во полза на бедните жители на своето место, но се двоумел кому да ја остави својата сестра. Загрижен со таа мисла, тој во друга прилика влегол во храмот и таму повторно слушнал, како кон него да се искажани зборовите од Спасителот: „Не грижете се за утрешниот ден: утрешниот ден самиот ќе се грижи за себе; на секој ден му е доволна своjата грижа” (Мт. 6, 34). Антониj ја доверил сестрата на христијански девственички кои ги познавал и ги оставил градот и домот, за да живее сам и да му служи само на Господа. (more…)