Беседа за Митарот и Фарисејот – Отец Гаврил Галев
Posted By prohor on February 27, 2024
А на оние, што беа уверени во себе дека се праведни, и ги презираа другите, им ја кажа оваа парабола: Два човека влегоа во храм да се помолат; едниот фарисеј, а другиот митник.Кога застана, фарисејот вака се молеше во себе: »Боже, Ти благодарам што не сум како другите луѓе: разбојници, несправедливи, прељубодејци, или како овој митник. Постам двапати во седмицата, давам десеток од сè што придобивам.« А митникот стоеше оддалеку; не смееше дури (н)и очите да ги подигне кон небото, туку се удираше в гради и велеше: »Боже, биди милостив спрема мене грешниот!« Ви велам: дека тој си отиде дома повеќе оправдан, отколку оној; зашто секој што се воздига, ќе биде понизен, а кој се понизува ќе биде воздигнат.” (Лк. 18, 9, 14)
Преку примерот на митарот и фарисејот, гледаме два модели на духовен живот.
Едниот, фарисеј, кој e побожен, го исполнува законот и е праведник, а другиот – митар, кој е грешник, го прекршува законот и не е редовен во црква.