// Google analytics code
  • Јас сум лозата, а вие прачките; и кој е во Мене, и Јас во него, тој ќе даде многу плод; оти без мене не можете да правите ништо. Како што ме возљуби Отецот, и Јас ве возљубив вас. Бидете во Мојата љубов! Ако ги запазите Моите заповеди, ше останете во љубовта Моја. како што Јас ги запазив заповедите на Мојот Отец и останувам во љубовта Негова. Ова ви го реков, за да остане радоста Моја во вас, и радоста ваша да биде полна. Ова е Моја заповед, да се љубите еден со друг, како што ве возљубив Јас. Никој нема поголема љубов од оваа: даја положи душата своја за своие пријатели.
  • January 2025
    S M T W T F S
     1234
    567891011
    12131415161718
    19202122232425
    262728293031  

    Нашиот Свет Отец Св. Климент Охридски – Беседа за блудниот син

    Posted By on March 4, 2024

    1~+~

    Слушајте ја, возљубени, Божјата приказна! И да се навикнеме добро да ја вршиме неговата волја! Каков Човекољубец Бог имаме, Отец штедар кој создава и уредува се заради нашето спасение.

    Како некој што имал два сина, праведник и грешник и на обајцата им дал еднакво богатство, така и Он нам ни дал крштение и покајание и евангелско учење. Од нив ние се оттргнуваме како помладиот син далеку настрана од слушање на божјата Црква и расточување на божјото богатство. Живеејќи блудно ги примаме божјите зборови и светата Причест во прељуба, живееме и ја растураме благодатта што ни е дадена од Бога со зли дела и со грешни желби.

    Грев е кога некој од малку ќе се израдува и вечно ќе се осуди и за малку ако се израдува, вечно ќе се мачи.

    (more…)

    The Prodigal Son – Metropolitan of Strumica Nahum

    Posted By on March 3, 2024

    ~+~ 

    Refer to: Luke 15, 11-32

    In the younger son, from the Gospel reading we notice the freedom and the awareness with which he addresses his Heavenly Father and that he seeks something that he feels naturally belongs to him, but also we notice that he obviously does not understand the very nature of the “livelihood (property, inheritance)” whose division he requires. “The portion of the livelihood” is the fullness of God’s grace, which we all receive in our hearts on the day of the Holy Baptism. It is from us alone and from our free will which determines, how we would behave towards this grace.

    From His perspective, God’s only concern is not to disturb our freedom, and thus our mutual relationship: Parent – child. We have nothing more important than this relationship! This relationship is the only hope for our salvation!

    (more…)

    Блудниот син – Митрополит Струмички Наум

    Posted By on March 3, 2024

    IMG_8931-HDR~+~

    Лука 15, 11-32

    Кај помладиот син, од евангелското четиво, ја забележуваме слободата и свесноста дека Му се обраќа на својот Отец Небесен и дека бара од Него нешто што чувствува дека природно му припаѓа, но исто така, забележуваме дека тој, очигледно, не ја сфаќа и самата природа на „имотот“ чија поделба ја бара.

    „Делот од имотот“ е полнотата на Божјата благодат, која сите ние ја примаме во нашите срца на денот на Светото Крштение. Од нас самите, од нашата слободна волја, зависи како ќе се однесуваме кон таа благодат.

    Бог, од Своја страна, единствено внимава да не ја наруши нашата слобода, а со тоа и нашиот заемен однос: Родител – дете. Ние немаме ништо поважно од овој однос! Овој однос е единствената надеж на нашето спасение!

    (more…)

    The only thing that certainly cannot be lost is an established personal relationship with God

    Posted By on March 1, 2024

    ~+~

    “For you have the poor with you always, and whenever you wish you may do them good; but Me you do not have always.”

    This sentence of Christ opens the question of whether we recognise the time when we are visited by Him, and, consequently, whether we behave correctly at that moment on a personal, family, social, and especially on a church level.

    On a personal level, both the presence of grace and the absence of grace along with all the consequences: joy or sorrow, happiness or unhappiness, success or failure, health or sickness, etcetera, are His visitations. Whether we recognise these moments of visitation by God, and whether we act accordingly is crucial to our spiritual development.

    One of the most important moments in our life is our attitude towards the monastic call – what will be our response to that call.

    Correct behaviour on a personal level helps us to behave correctly on other levels as well. There is no better indicator of proper behaviour on a personal level towards God’s visitation than establishing a spiritually functional family or other close community – such as a monastery.

    A spiritually functional, close, community is a true gift of God, because no matter how holy a person is, if there is no sincere desire for repentance and asceticism from the other members under his spiritual leadership, neither will there be any progress.

    In order to lift the society in the right direction, great holiness is needed here; but again, it is questionable whether something can be done even then. If something is not achieved despite the presence of great holiness, then it will be a sign of great downfall.

    The main indicator of the situation within the nation is the situation within the Church. The Church is a separate and long story, but for example, it would be very good if the people who lead the Church would also recognise the moment of the Lord’s visit and provide the Local Church with autocephaly, recognised and confirmed by all other Local Churches.

    Favourable historical moments do not last long, if they are not used – they perish. The next offer is usually worse than the previous one; the next visit usually takes place in more complicated conditions and greater efforts and sacrifices will have to be made to achieve the goal. In the end, everything can be lost. The only thing that certainly cannot be lost is an established personal relationship with God.

    Metropolitan of Strumica Nahum

    01 / 03 / 2024

    Единственото нешто што сигурно не може да се изгуби е остварениот личен однос со Бог

    Posted By on March 1, 2024

    ~+~

    „Сиромасите секогаш ги имате со вас, и кога сакате, можете да им направите добро; но Мене Ме немате секогаш.“

    Оваа реченица Христова го отвoра прашањето дали го препознаваме времето кога сме посетени од Него и, следoвателно, дали правилно се однесуваме во тој момент на лично, семејно, општествено и, посебно, на црковно ниво.

    На лично ниво, и присуството на благодатта и отсуството на благодатта заедно со сите последици: радост или тага, среќа или несреќа, успех или неуспех, здравје или болест итн., се Негови посети. Дали ги препознаваме овие моменти на посета и дали соодветно се однесуваме е клучно за нашиот духовен развој.

    Еден од најважните моменти во нашиот живот е и нашиот однос кон монашкиот повик – каков ќе биде нашиот одѕив на тој повик.

    Правилното однесување на лично ниво ни помага правилно да се однесуваме и на останатите нивоа. Нема подобар показател за правилно однесување на лично ниво кон Божјата посета од основање духовно функционално семејство или друга потесна заедница – како што е манастирот.

    Духовно функционална потесна заедница е вистински дар Божји, затоа што, колку и да е некој свет, ако нема искрена желба за покајание и подвиг од останатите членови под негово духовно раководство, ќе нема и напредок.

    За да се покрене, пак, општеството во вистински правец, тука е потребна голема светост; но повторно е под голем знак прашање дали и тогаш може нешто да се направи. Ако не се постигне нешто и покрај присуството на големата светост, тогаш тоа ќе биде знак на големо пропаѓање.

    Главен индикатор на состојбата во државата е состојбата во Црквата. Црквата е посебна и долга приказна, но на пример, многу добро би било кога и луѓето што раководат со Црквата би го препознале моментот на Господовата посета и би ѝ обезбедиле на Помесната црква автокефалност, призната и потврдена од сите други Помесни цркви.

    Поволните историски моменти не траат долго, ако не се искористат – пропаѓаат. Следната понуда е најчесто полоша од претходната; следната посета најчесто се случува во покомплицирани услови и ќе треба да се вложат поголеми усилби и жртви за да се постигне целта. На крајот може и сѐ да се изгуби. Единственото нешто што сигурно не може да се изгуби е остварениот личен однос со Бог.

    Митрополит Струмички Наум

    01 / 03 / 2024