// Google analytics code
  • Јас сум лозата, а вие прачките; и кој е во Мене, и Јас во него, тој ќе даде многу плод; оти без мене не можете да правите ништо. Како што ме возљуби Отецот, и Јас ве возљубив вас. Бидете во Мојата љубов! Ако ги запазите Моите заповеди, ше останете во љубовта Моја. како што Јас ги запазив заповедите на Мојот Отец и останувам во љубовта Негова. Ова ви го реков, за да остане радоста Моја во вас, и радоста ваша да биде полна. Ова е Моја заповед, да се љубите еден со друг, како што ве возљубив Јас. Никој нема поголема љубов од оваа: даја положи душата своја за своие пријатели.
  • January 2025
    S M T W T F S
     1234
    567891011
    12131415161718
    19202122232425
    262728293031  

    Прочка – Отец Гаврил Галев

    Posted By on March 18, 2024

    ~+~

    Три главни теми се јавуваат во ова Евангелие, темата за простувањето, за постот и за начинот и целта на нашиот живот.

    Најпрво со постот. Утре почнува големиот велигденски пост, кој што според правилата на црквата целиот пост се пости без масло, освен Сабота и Недела кога се употребува масло. Риба се употребува само за празниците на Благовештение и Цветници. 

    Секако тоа е за оние кои што можат, меѓутоа црквата е снисходлива и за оние кои што не можат, или се почетници, или имаат тешка физичка работа, за бремените, болните, на кои што се разрешува според благослов од духовниот отец. Затоа секој од нас треба да си има духовен отец и co него да си се консултира во врска со постот или општо за црковниот и духовениот живот. Да постиме со радост и лес. Со смирениe, трпение, љубов  и исполнети со секоја добродетел.

    Како што секое јазично писмо, алфабета, има свои согласки и самогласки, така и простувањето е една од тие самогласки во азбуката на православниот духовен живот без која што всушност не можe да се создаде ни збор ни реченица и да се разбере содржината на книгата, односно да се разбере содржината на животот. 

    (more…)

    Forgiveness, by deed- Metropolitan of Strumica Nahum

    Posted By on March 17, 2024

    image00013~+~

    In the reading of today’s gospel, I noticed that the God-Man Christ teaches us how to liberate ourselves from the three main types of passions:

    – From vainglory – by forgiveness and asking for forgiveness;

    – From love of pleasures – by fasting; and,

    – From covetousness – by accumulating riches in heaven and not on earth. (see Matthew 6: 14–21).

    However, the Church emphasises the struggle of forgiveness by creating both a full of grace and psychological atmosphere for forgiveness on this very day before the beginning of the Great Lent; Why?

    The mystery of the Cross of Christ consists in forgiveness. He who, in the hope of participating in the Cross of Christ, wishes to participate in the great Mystery of Christ’s Resurrection – he forgives. And vice versa … If we do not forgive our neighbour or our enemy – it matters not which one, then we are out of the Eucharistic and prayerful communion with God. And if we are outside of communion with God, how can the process of our purification take place at all – the process which we especially expect to intensify in the Great Lent?

    (more…)

    Простување, на дело – Митрополит Струмички Наум

    Posted By on March 17, 2024

    Reflection~+~

    Читајќи го денешното евангелие, забележав дека Богочовекот Христос во него нè поучува како да се ослободиме од трите главни вида страсти: од славољубието – со простувањето и барањето прошка; од сластољубието – со постот; и од среброљубието – со собирањето богатство на небото (види: Матеј 6, 14–21).

    Но, Црквата го нагласува подвигот на простувањето и создава и благодатна и психолошка атмосфера за простување токму оваа недела пред почетокот на Великиот пост. Зошто?

    Тајната на Крстот Христов се состои во простувањето. Оној што со надеж на учество во Христовиот Крст сака да учествува и во големата Тајна на Христовото Воскресение, тој и простува. И обратно… Ако не му простиме на својот ближен или на својот непријател – сеедно, тогаш сме надвор од евхаристиската и од молитвената заедница со Бог. А ако сме надвор од заедницата со Бог, како воопшто би се случувал процесот на нашето очистување – она што посебно очекуваме да се интензивира во Великиот пост?

    (more…)

    Meat Fare Sunday – Father Gavril Galev

    Posted By on March 14, 2024

    ~+~

    “In the name of the Father and the Son and the Holy Spirit.”

    This preparatory Sunday for the Great Lent and the Resurrection of Christ, is called Meat Fare, because according to the Typikon, meat is excluded from the daily diet. This day is the last day in which meat can be consumed, from tomorrow (Monday the 11th), that is, in the next week, there is no fasting on Wednesday and Friday, however, meat is not allowed for consumption at all. So that from next week (Monday the 18th) we also exclude cheese (and all dairy produce) and eggs from our daily intake of food and commence strict fasting, the Great Lent begins.

    In this week, the Church has preordained that the Gospel about the Last Judgment of Christ is to be read, that is, His glorious second coming. In His first coming the Lord came as a humble man, as a humble servant who did not differ from us in anything, therefore people could not recognise Him and crucified Him. However, out of His great mercy and love, He liberated us from our sins by his actions, crucifying our sin on the cross, and with His Blood He washed away our sins and He opened the heaven to us again.

    Sin, which is actually the missing of the target, which our forefathers did, when they led the entire human race in the wrong direction and led them to doom and destruction and the worst of all, to death and hell.

    When Saint Basil the Great, one of the wisest of his time, and even to this day in the history of humanity and Christianity, was asked what the greatest wisdom was, he being a philosopher and a wise man, answered simply: “The remembrance of death”!

    (more…)

    Месопусна недела – Отец Гаврил Галев

    Posted By on March 14, 2024

    ~+~

    Oваа подготвителна Недела за големиот пост и воскресението Христово, e наречена месопусна, затоа што според типикот се отпушта месото од секојдевната исхрана. Овој ден е последен вo кој што се јаде месо, од утре, односно во следната седмица, во Среда и Петок не се пости, ама и месо воопшто не се јаде. За да од следната недела и сирењето и јајцата ги изоставиме и почнуваме со големиот строг пост. 

    Во оваа недела е предвидено да се чита Евангелието за страшниот Христов суд, односно Неговото славно второ доаѓање. Неговото прво доаѓање беше како смирен човек, како смирен слуга кој што не се разликуваше од нас во ништо, затоа и луѓето не можеа да го познаат па и го распнаа. Меѓутоа, Тој пак од Неговата преголема милост и љубов преку тоа не ослободи од нашите гревови, распнувајќи го нашиот грев на крстот, а со Неговата крв ги изми нашите гревови и повторно ни го отвори рајот.

    Гревот, кој што е всушност промашување на целта, што го направија нашите прародители, го одведоа целиот род човечки во погрешна насока и го однесоа во пропаст и најстрашното од се, во смрт и пекол.

    Кога Свети Василиј Велики, еден од најмудрите во своето време, па и до ден денес во историјата на човештвото и на Христијанството, го прашале која е најголемата мудрост, кој самиот бил филозоф и мудар човек, одговорил едноставно: “Cеќавањето на смртта”!

    (more…)