Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор – Митрополит Струмички Наум
Posted By Macedon on June 17, 2024
„А животот вечен е тоа, да Те познаат Тебе, Единиот вистински Бог, и испратениот од Тебе Исус Христoс.“ Познанието на Бог не е вера, не е фантазија, не е размислување, не е идеја, не е читање, не е интелектуално знаење, не е световно образование, не е добро воспитување, не е обичај, итн. И се фаќа човек самиот себе како одречно толкува чисто потврдна појава – нешто што е достапно и може од опит да се познае. Арно ама, го нема опитот – па затоа така.
Познанието на Бог во Православната Црква значи благодатен опит на Бог во очистеното срце, преку православен духовен живот под надзор и во послушание на духовен отец, пројавено како умно-срдечна молитва и освестено од просветлениот ум. Само такво познание на Бог сигурно значи и живот вечен.
Од денешното евангелско четиво (Јован 17, 1–13) посебно внимание ќе обрнеме на следниот пасус: „Сега разбраа дека сè што си Ми дал е од Тебе; зашто зборовите што си Ми ги дал, им ги предадов, и тие ги примија и разбраа навистина оти од Тебе сум излегол, и поверуваа дека Ти си Ме пратил“.
(more…)