// Google analytics code
  • Јас сум лозата, а вие прачките; и кој е во Мене, и Јас во него, тој ќе даде многу плод; оти без мене не можете да правите ништо. Како што ме возљуби Отецот, и Јас ве возљубив вас. Бидете во Мојата љубов! Ако ги запазите Моите заповеди, ше останете во љубовта Моја. како што Јас ги запазив заповедите на Мојот Отец и останувам во љубовта Негова. Ова ви го реков, за да остане радоста Моја во вас, и радоста ваша да биде полна. Ова е Моја заповед, да се љубите еден со друг, како што ве возљубив Јас. Никој нема поголема љубов од оваа: даја положи душата своја за своие пријатели.
  • January 2025
    S M T W T F S
     1234
    567891011
    12131415161718
    19202122232425
    262728293031  

    Различни блаженства – Митрополит Струмички Наум

    Posted By on December 19, 2024

    rainbow 030-HDR copy

    ~+~

    Прочитајте ги блаженствата внимателно, за да ја забележите разликата:

    „Кога го виде народот, Он се искачи на планината; а штом седна, учениците Негови се приближија до Него. И кога ја отвори устата Своја, ги поучуваше и говореше:

    ’Блажени се бедните по дух, зашто нивно е Царството Небесно.

    Блажени се оние што плачат, оти ќе се утешат!

    Блажени се кротките, зашто тие ќе ја наследат земјата!

    Блажени се гладните и жедните за правда, оти тие ќе се наситат!

    Блажени се милостивите, зашто тие ќе бидат помилувани! Блажени се чистите по срце, оти тие ќе Го видат Бог!

    Блажени се миротворците, зашто тие ќе се наречат синови Божји!

    Блажени се гонетите заради правда, бидејќи нивно е Царството Небесно!

    Блажени сте вие, кога ќе ве срамат и прогонат и кога ќе говорат против вас секакви лоши зборови лажно – заради Мене!

    Радувајте се и веселете се, зашто голема е вашата награда на Небесата!‘“ (Матеј 5, 1–12).

    Обрнете внимание понатаму: претходниве, би ги нарекол посебни блаженства, изречени пред Неговите Апостоли, насамо, горе на планината, се разликуваат од обичните блаженства, кои Богочовекот Христос ги говори пред верниот народ, откако излекува многу болни и опседнати, долу на рамното – како што читаме во денешното евангелско четиво:

    „Па како слезе заедно со нив, Он се задржа на едно рамно место; беа таму и мнозина Негови ученици и многу луѓе од цела Јудеја и Ерусалим, и од приморјето Тирско и Сидонско, кои беа дошле да Го чујат и да се исцелат од болестите свои, како и оние што страдаа од нечисти духови; и се излекува.

    И сиот народ сакаше да се допре до Него, зашто од Него излегуваше сила и ги лекуваше сите. А Он, како ги подигна очите кон учениците Свои, им говореше:

    ’Блажени сте вие, сиромашните, зашто ваше е Царството Божјо!

    Блажени сте вие што сега гладувате, оти ќе се наситите!

    Блажени сте вие, кои сега плачете, оти ќе се насмеете! Блажени ќе бидете, кога ќе ве намразат луѓето, и ќе ве одделат и похулат, и го исфрлат името ваше како лошо, заради Синот Човечки!

    Зарадувајте се во оној ден и развеселете се, оти голема е наградата ваша на небесата. Зашто така постапуваа со пророците и нивните татковци!‘“ (Лука 6, 17–23).

    (more…)

    Sermon on Saint Nicholas of Myra in Lycia – Father Gavril Galev

    Posted By on December 19, 2024

    IMG_6004The path of the beatitudes

     ~+~

    Today we celebrate the memory of the great Wonderworker of the Holy Orthodox Church, Saint Nicholas, Archbishop of Myra in Lycia. Saint Nicholas is one of the greatest saints and the greatest people born in the history of mankind.

    When we talk about our holy father Nicholas, we should also ask ourselves a few questions related to his life that are useful to us. How did he achieve that dignity and is it only possible and given unto him or to all of us? And why does not everyone reach the state of holiness?

    The main answer is in choosing the way of living.

    The beatitudes we read today in the Gospel, which is read and is dedicated to the Venerable, show the path from the image to the likeness of God:

    ‘Blessed are you poor,

    For yours is the kingdom of God.
    Blessed are you who hunger now,
    For you shall be filled.
    Blessed are you who weep now,
    For you shall laugh.
     Blessed are you when men hate you,
    And when they exclude you,
    And revile you, and cast out your name as evil,
    For the Son of Man’s sake.
     Rejoice in that day and leap for joy!
    For indeed your reward is great in heaven,
    For in like manner their fathers did to the prophets.'”(Luke 6: 17-23).

    God has shown us the right way, and promised us what we get in return, the choice is ours. Saint Nicholas chose that path and reached the set goal, and God fulfilled his promise.

    (more…)

    Беседа за свети Николај Мир Ликијски – патот на блаженствата

    Posted By on December 19, 2024

    10_1p_13v_vizant_sinay-418x600

     ~+~

    Денес го славиме споменот на големиот чудотворец на светата Православна Црква, светиот Николај Архиепископ Мир Ликијски. Свети Николај е еден од најголемите светители и најголемите луѓе родени во историјата на човештвото.

    Кога зборуваме за светиот отец наш Николај,  треба да си поставиме и неколку прашања поврзани со неговиот живот, користни за нас. Како тој го достигнал тоа достоинство и дали само нему или на сите ни е зададено и овозможено тоа? И зошто не сите ја достигнуваат состојбата на светост?

    Главниот одговорот е во изборот на начинот на живеење.

    Блаженствата што ние денес ги прочитавме во Евангелието, кое што се чита за преподобни, ја покажуваат патеката од образот до подобието Божјо: “Блажени сте вие, сиромашните, зашто ваше е Царството Божјо!

    Блажени сте вие што сега гладувате, оти ќе се наситите!

    Блажени сте вие, кои сега плачете, оти ќе се насмеете!

    Блажени ќе бидете, кога ќе ве намразат луѓето, и ќе ве одделат и похулат, и го исфрлат името ваше како лошо, заради Синот Човечки!

    Зарадувајте се во оној ден и развеселете се, оти голема е наградата ваша на небесата. Зашто така постапуваа со пророците и нивните татковци!‘“ (Лука 6, 17–23).

    Бог ни покажал како треба, и ни ветил што добиваме за возврат, изборот е на нас. Свети Николај го избрал тој пат и стигнал до зададената цел, а Бог си го исполнил ветувањето.

    (more…)

    Добриот Самарјанин – Oтец Гаврил Галев

    Posted By on December 15, 2024

    ~+~

    И ете, стана еден законик и, искушувајќи Го, рече: „Учителе, што треба да направам за да наследам живот вечен?” А Тој му рече: „Што е напишано во Законот? Што читаш таму?” Тој одговори и рече: „Возљуби Го Господ, твојот Бог, со сето свое срце, со сета своја душа, со сета своја сила и со сиот свој разум; и својот ближен како себе си!” Му кажа пак: „Добро одговори; тоа прави го и ќе живееш.” Но тој, сакајќи да се оправда, Му рече на Исус: „А кој е мој ближен?” Исус му одговори и рече: „Еден човек, додека слегуваше од Ерусалим во Ерихон, западна меѓу разбојници. Тие го соблекоа и го претепаа, и си отидоа, оставајќи го полумртов. Случајно во тоа време слегуваше по тој пат еден свештеник и, кога го виде, помина на спротивната страна. Исто така и еден левит, кога дојде на тоа место, погледна и премина на другата страна. Еден, пак, Самарјанин, кој патуваше, кога дојде до него, го виде и се сожали. И кога се приближи, му ги преврза раните, полевајќи ги со масло и со вино. Потоа го качи на добитокот свој, го однесе во гостилница и се погрижи за него. А утредента, на кинисување, извади два денарија, му ги даде на гостилничарот и му рече: ,Погрижи се за него; а ако потрошиш нешто повеќе, кога ќе се вратам, ќе ти платам.‘ Кој, пак, од тие тројца ти се чини дека му беше ближен на оној, што падна во рацете на разбојниците?” А тој одговори: „Оној што му искажа милосрдие.” Исус му рече: „Оди и ти прави така!”( Лк. 10:25/37)

    Eте, стана еден законик и, искушувајќи Го, рече: „Учителе, што треба да направам за да наследам живот вечен?”

    Закониците биле луѓе што го проучувале Светото Писмо и ги знаеле законите и самите се правеле водачи на еврејскиот народ. Кога дошол Христос, тие дошле до судир на нивното разбирање на Писмото со она што Христос Го проповедал. Овој законик, заради тоа, од една страна бил збунет, но од друга страна, заради својата суетност и гордост, сакал да го искуша Христа, па затоа му поставува „збунувачко“ прашање. (more…)

    The Merciful Samaritan – Metropolitan of Strumica Nahum

    Posted By on December 15, 2024

    IMG_9084-HDR~+~

    Children, you have heard today’s gospel reading (Luke 10: 25-37).

    We are all guests in this world, some people more – some people less, are wounded by demons – thieves, and placed by the Merciful Samaritan – Christ, for treatment in the inn – the Church. The innkeeper is the Episcope.

    The Merciful Samaritan – Christ leaves everything that the innkeeper needs in order to take care and heal all those whose hearts and souls, even bodies, are wounded by the demonic attack.

    The God-Man Christ left to the clergy a personal example, and such inexhaustible grace that the wounded guest could never spend more than that. The promise of a surcharge applies only to dispirited innkeepers. Therefore, the innkeeper can only conscientiously and humbly perform the work for which he has been paid in advance.

    If he finishes the work as a child of God – and not as a hired worker – spending himself even “more than what has been paid to him”, blessed is such an innkeeper who will make God his “debtor”. God will make him His son by grace, and any other surcharge is no longer important at all …

    Most-Holy Theotokos, save us!

    Metropolitan Nahum of Strumica

    (29.11.2020 17:01)