Богојавление – Митрополит Струмички Наум
Posted By Macedon on January 18, 2025
Не е добро за човек што знае да чита да го толкува прочитаното како што сака, поради недостаток на знаење, острастеност и непросветленост на неговиот разум. Така ништо нема да научи.
Кога читаме за божествените работи, може да разбереме нешто со разумот, ама сфаќаме или проникнуваме само со духовниот разум – со преобразениот и просветлен разум; а може да ни се открие и многу повеќе од тоа што е напишано, па дури и позадината на напишаното.
Темата за просветлувањето на умот/разумот е суштински поврзана со Светото Крштение, затоа што не е возможно просветлување на умот без активирање на несоздадената благодат или Боженствена енергија на Крштението од срцето на човекот, преку православниот духовен живот.