Monastic Wisdom – Elder Paisius
~+~
I think it is very difficult, after all the sacrifice that Christ has undertaken for us, to end up in hell and make Him grieve again. Therefore, it would be better, the thing that will keep us from sin so that we do not go to hell, not to be the fire of hell that terrifies us, but the great zeal and fiery love for our Benefactor Christ. In short, out of love, we should not go to hell, in order not to make Christ grieve.
So, my brother, we have to be careful to never be separated from Christ, and to have regular contact with Him through prayer. And it is good that prayer should be preceded by attention, so that it does not happen as the prophet David says: “And let his prayer be accepted as a sin.” (Ps.108.7)
During the prayer, especially before the prayer, in your obedience, beware of unnecessary conversations, so that you can pray later unharmed and not defocus, because many words cause many misunderstandings. If you want to speak, Christ gladly wants His children to turn to Him with prayer.
Do not be comforted even by spiritual conversations when there is no holiness, because it starts with spiritual things and ends with gossip. If others talk or condemn, etc., You should not be interested in those matters, but in your sins, as well as in the request for God’s mercy through ceaseless conversation – Lord Jesus Christ, have mercy on me a sinner.
Elder Paisius
Монашки мудрости
Мислам дека е многу тешко после сета жртва што Христос ја направи за нас, да завршиме во пеколот и повторно да Го растажиме. Затоа, она што ќе нѐ задржи од гревот за да не отидеме во пеколот, подобро би било да не е огнот од пеколот кој нѐ ужаснува, туку големата усрдност и огнената љубов спрема нашиот Доброчинител Христос. Накратко, од љубов не би требало да одиме во пеколот, за да не Го ожалостиме Христа.
Значи, брате мој, ќе треба да внимаваме никогаш да не се разделиме од Христа, и да имаме редовен допир со Него преку молитвата. А добро е пак, на молитвата да ѝ претходи вниманието, за да не се случи како што вели пророкот Давид: “…и молитвата негова да се прими за грев.” (Пс.108,7)
За време на молитвата, особено пред молитвата, во своето послушание, чувај се од непотребни разговори, за да можеш подоцна да се молиш нерасеан и неповреден, бидејќи многуте зборови предизвикуваат и многу недоразбирања. Ако сакаш да зборуваш, Христос со радост сака да Му се обраќаат Неговите деца низ молитвата.
Немој да се успокојуваш ниту со духовни разговори кога не постои светост, бидејќи се почнува со духовни работи, а се завршува со озборување. Ако другите разговараат или осудуваат и слично, тоа не треба да те интересира, туку твоите гревови, како и барањето на милоста Божја преку непрекинатиот разговор – Господи Исусе Христе помилуј ме грешниот.
Старец Пајсиј
Photo: Fr. Gavril (Galev)