Monastic Wisdom – Elder Paisios ~+~ Монашки мудрости – Старец Паисиј
AWARENESS OUTSIDE THE CELL
My brother, when you get out of your cell, keep in mind the enemy who is ready to attack. And it is terrible that he is evil, so not only does he seek reasons, but he also creates them and entangles you in his nets, in order to harm you.
Imitate the good soldier, who when he comes out of the bunker, has his weapon in his hands. So, you too should keep your prayer rope in your hand and be vigilant, so as not to spoil your riches with a little inattention, which you have accumulated with a lot of effort in your cell.
Never let go of the prayer rope from your hands, because it is the prayer rope that we need to pull once, twice, five times, ten times, in order for the spiritual oils to defrost and for our spiritual machine of incessant prayer to start working. Even when it starts working, do not discard the prayer robe, lest you encourage others, whose spiritual machine has not started working yet to discard it as well.
When you leave the cell, in order to avoid any evil (besides curiosity), limit your words to ‘bless me’ and ‘let it be blessed’, so that you will then be blessed by God and loved by all. It will be harder for you to fall into temptation, because the devil will be disarmed and forced to fall himself, as well as to respect you unwillingly.
If you meet someone who talks a lot, do not try to correct him, but pretend that you are in a hurry, and run away with love. Before he sees you, it is good for you to disappear, and if you still meet him, then, do not avoid him swiftly, so as not to hurt him. And if you see someone judging and condemning others, say lovingly, ‘Brother, you should condemn me, because I am the worst, and not the others who are better than me.’ Be careful not to expose his transgressions, no matter if he is some one important or not, because that is rude, nor to despise him, because God will get tired of you, and not only will He not help you to cut off many of your transgressions, but will allow, by taking His grace from you, to become a greater chatterbox than the one who condemns others. At that moment, If you want, you can stop listening the person who condemns others, and you can constantly pray. Then, that little time in which you will put up with your brother, so as not to hurt him will be of benefit, when he is already unprepared for spiritual action.
Elder Pasios
ВНИМАНИЕ НАДВОР ОД КЕЛИЈАТА
Брате мој, кога ќе излезеш надвор од твојата келија, имај го предвид непријателот кој е готов да нападне. И лошо е што е зол, та не само што бара поводи, туку и самиот ги создава и те вплеткува во своите мрежи, повредувајќи те.
Повторно подражавај го добриот војник, кој кога ќе излезе од бункерот, го има в раце подготвено оружјето. Така, и ти да си ја држиш бројаницата и да бидеш буден, за да не го расипеш богатството со едно мало невнимание, што го собра со многу труд во твојата келија.
Бројаницата никогаш не пуштај ја од рака, бидејќи тоа е јажето што треба да го повлечеме еднаш, два пати, пет пати, десет пати, за да се одмрзнат духовните масла и да проработи нашата духовна машина на непрестајната молитва. Дури и кога ќе проработи, не ја отфрлај бројаницата, за да не поттикнеш и други да ја отфрлат, на кои машината сѐ уште не им проработила.
Излегувајќи од келијата, за да избегнеш секакво зло (покрај љубопитноста), ограничи ги своите зборови на ‘благослови’ и ‘нека е благословено’, така што тогаш ќе бидеш и од Бога благословен и од сите возљубен. Потешко ќе паѓаш во искушенија, зашто и ѓаволот ќе биде разоружан и принуден самиот да падне, и да те почитува не сакајќи.
Ако сретнеш некој што многу зборува, не го одвраќај, туку направи се дека се брзаш, и со љубов бегај. Пред да те види, добро е да се тргнеш, а ако, сепак го сретнеш, не го одбегнувај брзоплето, за да не го повредиш. И ако видиш дека некој осудува, со љубов кажи му ‘брате, треба мене да ме осудиш, кој сум никаков, а не другите кои се подобри од мене’. Внимавај да не го разобличиш, било да е голем или мал, бидејќи тоа е дрскост, ниту пак, да го презреш, бидејќи на Бога ќе му се смачи од тебе, и не само што нема да ти помогне да ги пресечеш многуте твои прегрешенија, туку ќе дозволи, земајќи ја Својата благодат од тебе, да станеш поголем дрдорко и од него. Можеш, ако сакаш и да не слушаш, и непрестано да се молиш, малкуто време во кое ќе го потрпиш твојот брат, за да не го повредиш, кога веќе е неподготвен за духовно делување .
Старец Паисиј