// Google analytics code

Monastic wisdom – Монашки мудрости

Monk_sophrony_2~+~

What can we do for our salvation? How can we make our bodies immortal, free ourselves from the state of sin and the authority of death? This should be our concern at all times, and at the same time, this concern should be stronger and more emphasized. Life is so short, the goal is so high, but also so far away.

According to the Orthodox Church, the salvation of man is in his deification.

We need to learn to live the eternal life of God Himself. What does it mean deification of man? It means to live as the Lord lived, to acquire the thoughts and feelings of Christ, above all, from the last moments of His earthly life.

After the fall, man became a battleground between God and the enemy.

The seed that satan sowed in Adam’s heart and mind – the idea of becoming a god without God – is so ingrained in our being that we are constantly under the authority of sin.

From birth, we become Adam’s heirs. We can live the state of fall, which is a terrible distancing from the love with the Father, as the only reality of the human being. In the world, we live in an atmosphere of worship of the fall. We live in lavishness and are often ashamed to profess our faith, to say that we are Christians.

Elder Sophrony Sakharov

 

~+~

Што да сториме за нашето спасение? Како да го обесмртиме нашето тело, да се ослободиме од состојбата на гревот и од власта на смртта? Тоа треба да биде наша грижа во секој миг, а, истовремено посилна, понагласена. Животот е толку краток, целта е толку висока, но, и толку многу оддалечена.

Според Православната Црква, спасението на човекот е неговото обожување.

Треба да научиме да го живееме вечниот живот на Самиот Бог. Што значи обожување на човекот? Да живееме како што живееше Господ, да ги здобиеме мислите и чувствата Христови, пред сè, од последните моменти на Неговиот овоземен живот.

После падот, човекот стана поле на борба меѓу Бога и непријателот.

Семето што го посеа cатаната во срцето и умот Адамов – помислата да стане бог без Бога – е внедрено толку длабоко во нашето битие, така што непрестајно се наоѓаме под власта на гревот.

Уште од нашето раѓање стануваме Адамови наследници. Можеме да ја живееме состојбата на падот, која е едно страшно оддалечување од љубовта со Отецот, како единствена стварност на човековото битие. Во светот живееме во атмосфера на обожување на падот. Живееме во раскош и често се срамиме да ја исповедаме нашата вера, да кажеме дека сме христијани.

 

Старец Софрониј Сахаров


About The Author