Monastic teachings – Монашки поуки
The egoism that we all have in us, and is a result of the fall (apostasy), is overcome only through obedience. Otherwise, it will always keep us anchored down. Egoism is the fulfilment of passions. Passions make man egoist. A person who constantly indulges in passions, trying to satisfy them, does not think of anyone else, he does not care even for the closest ones. Thinking that he is happy and satisfied, such a person in reality is building his own hell and ultimate unhappiness.
Therefore, my dear monks and believers, holy obedience!
The younger ones perform obedience towards the older ones, but, also the older ones carry out obedience toward the younger ones. In fact, the older ones serve (are helpful, perform) in good things the younger ones do. The Episcope serves his Priests and the people, and the Priests and the people serve him.
In marriage, in the small (home) church, the same thing is valid: the wife is called to perform obedience to her husband, but also the husband to serve his wife. That is Christianity, and the holy sacrament of marriage is its gain. After all, everything that is beautiful, noble, and sublime comes from Christianity, because its Founder, the Foundation-layer of the Church is the One Who is Light, The Way, The Life, and The Truth – Christ our God.
Episcope Parthenius,
Abbot of Bigorski Monastery
22 / 07 / 2022
~+~
Егоизмот што го имаме сите во нас и е последица од падот, се надминува само преку послушанието. Во спротивно, тој секогаш ќе нѐ држи закотвени долу. Егоизмот е исполнување на страстите. Тие го прават човека егоист. Човек кој постојано се оддава на страстите, обидувајќи се да ги задоволи, не мисли на никого, не води грижа дури ни за најблиските. Мислејќи дека е среќен и задоволен, таквиот во стварност си го гради својот пекол и крајната несреќа.
Затоа, мили мои монаси и верници, свето послушание!
Помладите творат послушание кон постарите, но и постарите кон помладите. Всушност, постарите им служат во доброто на помладите. Епископот им служи на своите свештеници и на народот, а свештениците и народот – нему. Во бракот, во малата црква, истото: жената е повикана да прави послушание на својот маж, но и мажот да ѝ служи на својата жена. Тоа е Христијанството, чијашто придобивка е светото таинство на бракот. Впрочем, сѐ што е убаво, благородно, возвишено произлегува од Христијанството, зашто негов Основател, Втемелувач на Црквата е Оној Кој е Светлина, Пат Живот и Вистина – Христос нашиот Бог.
Епископ Партениј,
Игумен Бигорски
22 / 07 / 2022