Hesychatic Testimonies – Исихаcтички Cведоштва 3
We dwelled in the desert for many years. But for various reasons, almost all of us got sick. The Elder (Josef) while in prayer received a revelation that we should move down towards the sea and the settlements. And so it happened. There the climate was more mild, the efforts more moderate, so we recovered. All of us except the Elder, because he was sick over all his life. Because of the fasting, the effort in the vigils, from the sweat of prayer, or because of the actions from the demons, he got to the point where the whole of him became one wound. One day I asked him: “Geronda, why are you holding such a strict fast despite such exhaustion?” He answered me “Now, my child, I am fasting for God to give you His grace.” However, despite his physical ailments and pains, he felt so much joy and bliss in himself that he could not explain it, saying that there was something like a Paradise inside him…
Finally came the time of his departure. He was awaiting death all his life. Because his existence on earth was an effort, pain, and struggle. His soul eagerly awaited the repose, and so did his body.
From the life of the Elder Joseph Hesychast
~+~
Останавме во пустината доста години. Но, од различни причини речиси сите се разболевме. Старецот (Јосиф) во молитва доби откровение дека треба да се симнеме подолу кон морето и кон населените места. Така и се случи. Таму климата беше поблага, напорите поодмерени, така што си дојдовме на себе. Сите освен Старецот, бидејќи тој беше болен преку целиот негов живот. Од постот, од напорот на бденијата, од потта при молитвата или од дејството на демоните, стигна до таму што целиот стана една рана. Еден ден го прашав: “Старче, зошто држиш толкав пост покрај толкавата исцрпеност?” Ми одговари: “Сега, дете мое, постам за Бог да ви ја даде вам Својата благодат”. Сепак, и покрај телесните болести и болки, во себе чувствуваше толкава душевна радост и блаженство, што не можејќи да го објасни велеше дека внатре во него се наоѓа нешто како Рај.
На крајот дојде и времето на неговото заминување. Смртта ја чекаше
целиот свој живот. Бидејќи неговиот престој на земјата беше напор, болка и борба. Неговата душа радосно го исчекуваше покојот, а и неговото тело исто така.