Hesychastic Testimonies – Исихастички сведоштва 2
Elder Joseph’s purity was miraculous. I remember when I was entering his cell in the evenings, the cell was full of fragrance. I felt how the fragrance of his prayer penetrates anything that surrounded him, causing us not only external but also internal feelings. When he spoke to us about the purity of soul and body, he always mentioned our Sovereign Lady Theotokos as an example.
– I cannot describe to you, he said, how much the Mother of God loves chastity and purity. She is the only pure Virgin and She loves us and wants us all to be like that. And he kept saying: there is no sacrifice more pleasing to God than the purity of the body, which, in turn, is acquired by blood and by terrible struggle.
And he was concluding: force yourself to cleanse your soul and body so that no thoughts of fornication reach you at all.
Elder Joseph Hesychast
~+~
Чистотата на Старецот Јосиф беше нешто чудесно. Се сеќавам, кога навечер влегував во неговата ќелија, целата благоухаше. Чувствував како благоуханието на неговата молитва го проникнува она што го опкружува, предизвикувајќи кај нас не само надворешни, туку и внатрешни чувства. Кога ни зборуваше за чистотата на душата и на телото, за пример секогаш ни ја спомнуваше нашата Владичица Богородица.
– Не можам да ви опишам, велеше, колку Богородица ги сака целомудреноста и чистотата. Таа е единствена чиста Дева и сите нас такви нe’ сака и нe’ љуби. И повторно ќе речеше: не постои пред Бога поблагоухана жртва од чистотата на телото, којашто пак, се здобива со крв и со страшна борба.
И завршуваше: присилувајте се чистејќи ги душата и телото, така што воопшто да не допрат до вас скверни помисли.
Старец Јосиф Исихаст