Elder Silouan the Athonite: Sorrow for God 2 – Старец Силуан Атонски: Тага по Бога 2
~+~
Sorrow for God
(Excerpt 2)
Due to the pride of their minds, God does not allow many people to get to know Him, but still many people think they know a lot. What is the value of their knowledge, when they do not know the Lord, when they do not know the grace of the Holy Spirit, when they do not know how it comes and why it is lost.
But let us humble ourselves, brethren, and the Lord will show us everything, like a father who loves his children and shows them everything.
Let us look with the mind at what is happening in the soul. If there is a small amount of grace, then there is peace in the soul, and love is felt for all. If the grace is greater, then in the soul there is a light and great joy. If the grace is even greater, then even the body feels the grace of the Holy Spirit.
There is no greater affliction than to lose the grace. Then the soul mourns for God, and what with can I compare that sorrow? I will compare it to the cry of a mother who has lost her own the only beloved son and laments: “Where are you, my beloved womb, where are you, my joy?”
Thus, the soul grieves even more for the Lord, when it loses the grace and sweetness of the Divine love.
“Where are You, my merciful God?” Where are You, the Light-Infinite? Why did You hide from me, and I no longer see Your meek and bright face? ”
Rare are the souls who know You. With few I can speak about You: most of the people are saved by faith. You Yourself said to the Apostle Thomas: “You seen Me and touched Me, but blessed are those who have not seen and yet have believed.” Thus, not everyone feels the Holy Spirit, but those who fear God and keep His commandments will be saved. For the Lord loves us immensely, and I could have not known that love, if I had not been taught by the Holy Spirit, and the Holy Spirit teaches all that is good.
~+~
Тага по Бога
(Извадок 2)
На мнозина, заради гордоста на нивниот ум, Господ не им дава да Го познаат, а тие мислат дека многу знаат. И што им вреди нивното знаење, кога не Го знаат Господа, не ја знаат благодатта на Светиот Дух, не знаат како таа доаѓа и заради што се губи.
Но да се смириме себеси, браќа, и Господ сè ќе ни покаже, како татко кој ги љуби своите деца и сè им покажува.
Да гледаме со умот што се случува во душата. Ако постои мала благодат, тогаш во душата има мир, и се чувствува љубов спрема сите. Ако благодатта е поголема, тогаш во душата има светлина и голема радост. Ако благодатта е уште поголема, тогаш и телото ја чувствува благодатта на Светиот Дух.
Нема поголема мака од тоа да се загуби благодатта. Тогаш душата тагува по Бога и со што да ја споредам таа тага? Ќе ја споредам со плачот на мајката која го загубила својот единствен возљубен син и рида: “Каде си ти, возљубена утробо моја, каде си ти, радост моја?”
Така, и уште повеќе тагува душата по Господа, кога ќе ја загуби благодаатта и сладоста на Божествената љубов. “Каде Си Ти, Боже мој милостив? Каде Си Ти, Светлино Незалезна? Зошто се сокри од мене, и повеќе не Го гледам Твоето кротко и светло лице?”
Ретки се душите што Те знаат Тебе. Со малкумина можам да зборувам за Тебе: луѓето повеќе се спасуваат со вера. Ти Самиот му рече на Апостолот Тома: “Ти виде и допре, но блажени се оние кои не видоа, а поверуваа.” Така не сите Го чувствуваат Светиот Дух, но оние кои се плашат од Бога и ги чуваат Неговите заповеди, ќе бидат спасени. Оти безмерно многу нè љуби Господ, и јас не би можел да ја знам таа љубов, да не ме научеше Светиот Дух, Кој учи на сè што е добро.