// Google analytics code

Цветници

| April 9, 2012

Влегувањето на Исус Христос во Ерусалим откако го воскресна четиридневно погребениот Лазар е мигот на најмногубројното и најрадосното препознавање во Него Господ и Спасител. Исус влегува во престолнината на осле, според старозаветното пророштво. Ова е уште еден од многубројните знаци по кои би можеле да Го препознаат, но сепак овој знак не го разбраа ниту […]

Благовештение

| April 8, 2012

Кога Пресветата Дева наврши единаесет години пребивање и служење во ерусалимскиот храм и четиринаест од раѓањето – значи кога стапи во петнаесеттата година од животот – свештениците ѝ соопштија дека според Законот повеќе не може да остане при храмот, туку треба да пристапи кон веридба и брак. Одговорот на Пресветата Дева беше големо изненадување за […]

За добрата волја – Од животот на св. Макариј

| April 5, 2012

Еднаш додека преподобниот Му се молеше на Бога, му дојде  глас кој му велеше: „Макариј сé уште не си ја достигнал висината на двете жени кои живеат во блискиот град“. Кога го слушнал тоа, старецото го зеде својот стап и отиде во споменатиот град. Откако го најде нивниот дом, тропна на вратата и веднаш излезе […]

Свети Григориј Палама

| March 12, 2012

   Свети Григориј Палама, Архиепископ Солунски е роден во 1296-тата година во Константинопол. Неговиот татко бил виден големец во дворот на Андроник II Палеолог (1282-1328), но откако тој умира, императорот лично превзема дел од одговорноста за воспитувањето и школувањето на сирачето Григориј. Обдарен со исклучителна способност за учење, Григориј ги совладува многу брзо сите теми […]

СИНАКСАР – Недела на св. Григориј Палама

| March 12, 2012

СИНАКСАР Стихови:  Големиот и светол проповедник на Светлината, Изворот на светлината сега навистина го води кон незаодната Светлина. Овој син на божествената и незаодна светлина, навистина вистински Божји човек и чудесен слуга и служител на божествените (тајни), потекнуваше од Азија, од пресветли и славни родители кои се трудеа да го украсат своето дете со наука […]