// Google analytics code

Замироточи слика на Старец Јустин Парву

| July 28, 2013

Во Четвртокот на 25 јули, околу 23:00, на часот на четириесеттиот ден од упокојувањето на старецот Јустин, тој ги утеши своите духовни чеда со чудо во внатрешноста на клетката во која тој ги помина последните три години од својот живот и каде што тој се упокои.

Иконата на Пресвета Богородица Одигитриа (Патеводителка) – Света Гора

| July 25, 2013

Со векови наназад иконата на Пресвета Богородица Одигитриа (Патеводителка) можеше да се најде на главниот столб во соборната црква во манастирот Ватопед на Света Гора. Во 1730 оваа икона исчезнала од Ватопедн и монасите ја пронашле  на друго место на Света Гора. Тие ја нашле во манастирот Ксенофонт. Мислеле дека некој ја украл и однел […]

Се упокои во Господа Архимандрит Јустин Парву

| June 19, 2013

Во недела навечер, на 16 јуни, во 10:40, по долготрајна болeдување се упокои во Господа еден од поголемите духовници во денешното време, Архимандрит Јустин Парву од Романската Православна Црква. Погребот ќе се извржи во четвртокот, 20 јуни во манастирот Петру Вода .

Вознесение Господово

| June 13, 2013

 Празникот Вознесение Господово (се празнува во 40-иот ден по Воскресението на Исус Христос) – е ден во кој Господ се вознесе на неботo (Дела. 1, 1-12; Мк. 16, 12-19; Лк. 24, 50-52). Тој ден секогаш е во четвртокот на шестата седмица по Пасха. Преку Вознесението, со Христос – Началникот на нашето спасение, паднататa човечка природа […]

Арх. Лазар Витаниски – ШТО СЕ ТОА МИТАРСТВА?

| March 14, 2013

Подетално и повпечатливо кажување за митарствата ни соопштила, на основа на своето видение, преподобна Теодора Цариградска (се слави на 30 декември). Во кратки делови овде го изложуваме овој случај од нејзиното житие.   Раскажување на преподобна Теодора Цариградска за митарствата