// Google analytics code

НЕДЕЛА НА СВЕТИ ГРИГОРИЈ ПАЛАМА (Втора недела на Великиот пост)

| April 1, 2013

 Втората недела од Великиот пост Црквата ја посветила на светиот Григориј Палама, архиепископот Солунски – покровител на исихастите, на молчаниците, на тихувателите. Тие подвижници се грижеле да ја зачуваат тишината, тихувањето на срцето, а тоа го правеле криејќи се во далечните обители на Света Гора Атонска, отсечени од светот, од една страна од морето, а […]

ВЕЛИКИОТ ПОСТ – ПАТ КОН ВОСКРЕСЕНИЕТО

| March 29, 2013

Кога човек се спрема да појде на пат, тој треба да ја знае целта на своето патување. Истото се однесува и на Великиот пост. Постот е пред сѐ духовно патување, а негова крајна цел е Пасха (Воскресението, Велигден), „благденот над благдените“. Постот е припрема за „исполнување на Пасхата, како вистинито Откровение“. Затоа, најнапред, мораме да ја разбереме […]

Покајанието, пат кон вечността – Архимандрит Лазар Витаниски

| January 18, 2013

Секој чекор на патот на духовниот живот на христијанинот не е ништо друго, туку покајнички подвиг на срцето што ги согледува своите гревови. Со покајанието, за оној што почнал да верува во Бога, се отвораат вратите во црковниот свет и само преку покајанието ќе му се отворат рајските врати. Кратко речено – почетокот на покајанието […]

Еклисиолошкото учење на Свети Нектариј Егински еп. Пентаполски

| November 23, 2012

Св. Нектариј Егински освен тоа што го знаеме како голем молитвеник, проповедник и страдалник за Црквата тој зад себе оставил голем број пишани богословски дела. Неговиот богат опус ѓи опфаќа скоро сите области од Православната Теологија. Ние овде ќе се обидеме да дадеме осврт на неговата Елисиологија. Еклисиологијата  ( учење за црквата ) Свети Нектариј ја […]

ЦЕЛТА НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ЖИВОТ – Св.Серафим Саровски

| June 25, 2012

Молитвата, постот, бдението и сите други христијански дела се добри сами по себе, но во нив не се состои целта на нашиот христијански живот. Тие служат како неопходни средства за постигнување на таа цел. Вистинската цел на нашиот христијански живот се состои во стекнување на Светиот Дух Божји.