// Google analytics code

СИМВОЛ НА ВЕРАТА – Изречено слово од светиот отец наш Атанасиј Велики

Фреска од свети Атанасиј, од храмот на Света Петка во Велес, дело на зографињата Малка Конеска

Оној кој сака да се спаси,пред се треба да ја чува Соборната Православна Христијанска вера,а оној кој нема целосно непорочно неа да ја сочува,несомнено,ќе загине во вечни векови.

Соборната Православна Христијанска вера е оваа:

Eден Бог во Троица (во Три Лица) и Троица (Три Лица) во Единица (во Едно Божество) да почитуваме, и притоа ниту да ги слеваме (смешуваме) Ипостасите (Лицата), ниту Божествената суштина да ја разделуваме.

Една Ипостас е на Отецот, друга е на Синот, трета е на Светиот Дух; но ОТЕЦОТ и СИНОТ и СВЕТИОТ ДУХ се едно Единствено Божество,; еднакво во славата и во вечното величие.

Каков е Отецот, таков е и Синот, таков е и Светиот Дух (по Природа).

Несоздаден е Отецот, несоздаден е Синот, несоздаден е и Светиот Дух.

Несватлив е Отецот, несватлив е и Синот, несватлив е и Светиот Дух.

Вечен е Отецот, вечен е Синот, вечен е и Светиот Дух.

И не се тројца вечни, но Еден вечен, како што не се тројца несоздадени, ниту тројца несфатливи, но Еден несоздаден и Еден несфатлив.

Исто така, Седржител е Отецот, Седржител е и Синот, Седржител е и Светиот Дух, но не се тројца Седржители, туку еден Седржител.

Па така и Отецот е Бог, и Синот е Бог, и Светиот Дух е Бог, но не се тројца богови, туку Еден Бог.

Еднакво и Отецот е Господ, и Синот е Господ, и Светиот Дух е Господ, но не се тројца Господа но Еден Господ.

И како што бара Христијанската вистина, да ја исповедаме секоја Ипостас како Бог и Господ, така соборната христијанска вера ни забранува да исповедаме( именуваме) три богови и три господа.

ОТЕЦОТ од никого не е створен ,ниту создаден, ниту роден.

СИНОТ е нестворен ,несоздаден, но е роден од ОТЕЦОТ.

СВЕТИОТ ДУХ, не е створен, ни содаден,ниту роден, но исходи од ОТЕЦОТ.

Затоа, Еден е Отецот, не се тројца Отци, Еден е Синот, а не тројца Синови, еден е Духот Свет и не се три Свети Духа. И секоја од трите Ипостаси на Света Троица, не е прва или последна, ниту помала или поголема, но сите три Ипостаси, се еднакво вечни и еднакво велики.

Како што погоре се кажа, да се почитуваат сите Три Ипостаси (Троица) како Единствено Божество, и во Едно Божество, сите три Ипостаси (Троица).

Оној кој сака да се спаси, така за Света Троица да мудрува.

 


About The Author