// Google analytics code

Божиќ, 1994 Света Гора – Наум Митрополит Струмички

 

Возубени наши во кои, во Христа Бога, многу се надеваме. Во почетокот беше Словото… “Оној Кој седи на небото над небеса- та, на истокот на Својата слава и светлина, се прославува (денес) на западот на наша- та сиромаштија и ништожност; и Синот Божји прифати да постане и да се именува Син Човечки” (Свети Григориј Богослов).

Несоздадениот, Кој предвечно, бестрас- но, бестелесно се раѓа на начин надумен од Бога и Оца, се роди денес во тело од Богородица и Се- когашдева Марија, во Витлеем Јудејски. Несмест- ливиот, во Чиишто прегратки почива с¢ што е создадено, денес, сместен во тело, почива во пре- гратките на Својата Пресвета Мајка. Не со про- мена на местото, зашто е насекаде присутен, ту- ку по снисхождение Божјо, зашто е Един Чове- кољубец, дојде кон Отецот да н¢ приведе и да н¢ принесе – всушност, најпрвин лично со Него да заедничариме, да Го љубиме и да Го познаеме, а во Него и нашиот Небесен Отец. Останувајќи совршен Бог, Единородниот Син Божји непро- менливо стана и Совршен Човек и поистоветувајќи се на тој начин со секого од нас, ја натовари врз Себе секоја наша тага, темнина, болка, страдание, осаменост, безнадежност и смрт.

Сиот Негов живот меѓу нас земјанород- ните беше едно смирено и неизглаголливо стра- дание, чиишто размери за нас, како создадени, засекогаш ќе останат неодгатнати. Дојде како Богочовек, чинејќи н¢ лични сопственици и при- чесници на плодовите од за нас спасителното оп- штење на својствата на Божјата и Човековата природа во Неговата Ипостас.

Богатиот заради нас осиромаши, земај- ќи ја сиромаштијата на нашето тело за ние, пак, во Неговото Тело – Црквата да се збогатуваме, безмерно обдарувани со Божествените, несозда- дени дарови на Светиот Дух. Дојде и стана човек за ние да станеме богови по благодат, за постоја- но, благодатно и соборно да раснеме според ме- рата на растот на Неговата полнота (Ефес. 4, 13). Овој раст за нас во Црквата – низ тајната на нејзиниотсоборно-евхаристискиживот – нееса- мо благодат, обожување, радост и живот, љубов и слобода туку е и болка, тага, страдание, осаме- ност и напуштеност од сите луѓе. Всушност, во овој век и живот тоа е една чудесна, потребна и света испреплетеност на овие спротивности.

Денес родениот Богомладенец дојде и ни дарува во ликот на најмалиот, најгрешниот наш брат да Го љубиме и да Го препознаваме Не- го, средбата со нашиот ближен да ни биде про верка на вистинитоста на нашиот живот во Него.

Од Бога и Оца ниспосланиот Син Божји ни дарува во Црквата – таа несоздадено-созда- дена икона на Света Троица – и низ Нејзината Света Евхаристија, да го преобразуваме нашето постоење, образувајќи ги личните односи според подобие на она светотроично ‘како’.

“Сите едно да бидат, како Ти, Оче, што Си во Мене и Јас во Тебе; и тие во Нас едно да бидат, светот да поверува дека Ти Си Ме пратил” (Јован 17, 21).

Вака возљубувајќи се еден со друг, да бидеме живи и светлозрачни икони на Божјото јавување, вечни сведоци на светотроичниот бла- годатен домострој на спасението, откриен во Личноста на Богочовекот Христос, во Неговото воскреснато Тело – Црквата и ологосени гласни- ци на радосната вест: Христос се роди!


About The Author