// Google analytics code

Разлика во изборот – Отец Гаврил Галев

Овој настан многупати сме го толкувале, и колку пати да го читаме и да го толкуваме, се уште нема да ни биде докрај јасно, зошто овие луѓе го изгониле Христа од нивните краишта.

Нешто друго што сега ми доаѓа на мисла е поврзаноста на овој настан со настанот со Cамарјаните.

Самарјаните, исто како и Гадаринците не го почитувале целиот Законот и Светото Писмо и грешeле. Разликата е во тоа што, откако Самарјанката раскажала на Cамарјаните за Христос, тие дошле, го сослушале и го прифатиле. За разлика од нив, откако свињарите им раскажале на Гадаринците што се случило, тие дошле, го пресретнале надвор од градот и го замолиле да си оди.   

Така се случува секогаш кога во нашиот живот, нешто или некого ќе поставиме пред Христос. На Гадаринците им билo поважнo угодувањето на нивните страсти, се затвориле, и Христос не влегол во нивниот крај. На Cамарјаните им било најважно да го спознаат вистинскиот Бог, па го спознале Христа и го примиле. Насладувањето или служењето на страстите е и наша заробеност од нив, односно од ѓаволот. Поточно, колку сме отворени за Христос и му дозволиме да влезе во нас, толку и Тој дејствува и чувствуваме слобода. Самарјаните се отвориле и разговарале со Него. Овие пак неразумни Гадаринци, се затвориле, не ни сакале да разговараат со Него и веднаш го отфрлиле.

Затоа разумно е да бидеме како Самарјаните, да поразговараме со Христос и да му дозволиме да влезе во нас и да се запишеме во книгата на живите, a не како Гадаринците кои оставиле слика на грешен народ.  

Нека Господ Исус Христос по молитвите на сите светии ни помогне и ние да бидеме како Самарјаните а не како Гадаринците.

Отец Гаврил Галев
игумен на манастирот „Свети Климент Охридски“,
Кинглејк, Мелбурн, Австралија

28 / 07 / 2024


About The Author