// Google analytics code

Свети апостол Вартоломеј

~+~

(Грчки: Βαρθολομαιος, арамејски: бар-Талмај, значење: син на Птоломеј).

Според некои историчари на Црквата се смета за иста личност со Натанаил, кого апостол Филип го повикал да му го покаже Месијата, Христос.

Господ му даде власт да лекува болести и да прави чуда во Негово име.

Неговата дејност е тесно поврзана со св. ап. Филип и најчесто проповедале заедно. Во почетокот на нивната самостојна дејност, кога проповедале одделно во градовите во Мала Азија, Филип се наоѓал во тежок период и поминувал низмногу страдања и искушенија. Тоа го почуствувал светиот Вартоломеј и добил откровение да оди и да му помогне. Свети Вартоломеј го послушал внатрешниот глас и веднаш заминал. Од тогаш не се разделиле со Филипа сè до неговата смрт. Со него го делеле сиот труд и сите опасности, но и сите радосни моменти. Тие биле придружени и од сестрата на Филип, Маријам. Заедно, со усрдност се труделе и го проповедале Словото Божјо и со трпение ги поднесувале прогонствата и страдањата.

Свети апостол Вартоломеј го проповедаше Евангелието, како и свети апостол Филип, во источниот дел на империјата – Фригија, Сирија, Мала Азија и Ерменија.

Во една Лидијанска населба тие се сретнале со возљубениот ученик Христов св. Јован Богослов и заедно отишле со него во Фригиската земја. Тие влегле во градот Хиерополис и го проповедале Христа, а св. Јован продложил понатаму.

Свети Филип бил првиот што пострадал од нив двајцата. Нешто подоцна и апостол Вартоломеј бил распнат со главата надолу, на истото место, како и св. Филип. Го убиле на ѕверски начин, дерејќи му ја целата кожа и на крајот му ја отсекле главата со меч. Христијаните го симнале телото на апостолот од крстот и го поставиле во оловен ковчег.

Моштите на свети Вартоломеј подоцна биле пренесени во неаполскиот град Беневенто, а потоа во Рим. Се слави на 11 Јуни.

Отец Гаврил Галев
игумен на манастирот „Свети Климент Охридски“,
Кинглејк, Мелбурн, Австралија

07 / 09 / 2023


About The Author