// Google analytics code

Не работите за земно наследство туку за небесното– Отец Гаврил Галев

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух.

~+~

Христос е нашиот вистински Бог кој што за нас и нашето спасение доброволно посака да се воплоти од Света Дева Марија и да стане човек. Беше во се ист со нас и поживеа со нас како човек на земјата, меѓутоа Тој гревот не го вкуси. Тој остана безгрешен, како што ѝ се роди и ни покажа какви треба да бидеме ѝ ние. Всушност Христос е Oној кого што ние треба да го следиме како вистински образец за човек и според Него да се сообразуваме. Човекот, кој што Бог го замислил уште во предвечниот план кога го создваше светот, требаше да биде како Него, но човекот отпадна.Адам тоа не го постигна, тоа за кое што беше определен и затоа човештвото се наоѓа во оваа состојба во која што сега се наоѓа, состојба не баш многу сјајна за фалење и восхитување.  

Затоа Христос дојде, за да ја исправи таа грешка Адамова. Затоа што не можеше да го гледа човекот таков паднат и заробен од гревот, од страстите и од смртта и со Својот беспрекорен живот ги победи овие тринепреминливи наши пречки. 

Деновите во кој што се наоѓаме подготвувајќи се за големиот настан на Христовото Воскресение се сеќаваме за Неговите доброволни стpаданија. Bо денешното Евангелие Христос прв пат тоа им го објавува на апостолите.

Господ ги спрема учениците за она што треба да се случи предвестувајки им ја својата скорeшна смрт. Меѓутоа двајца од нив, потикнати од нивната мајка, кога сватиле, поточно кога таа сватила дека Христос нема да го оствари своето царство, она што Евреите го сакале и го очекувале овде на земјата, посакала пред да си замине да ги осигура своите синови. Тие послушувајќи ја неа посакале да седат од неговата лева и десна страна.  

Меѓутоа одговорот бил поинаков од тоа што тие го очекувале.  Христос им одговорил:

„Не знаете што барате! Можете ли да ја испиете чашата што ја пијам Јас и да се крстите со крштавањето со кое се крштавам Јас?”

Тие одговорија: „Можеме!” А Исус им рече: „Чашата што ја пијам Јас, ќе ја пиете и вие и со крштевањето со кое се крштевам Јас ќе се крстите; но, да седнете од Мојата десна или лева страна, не е Мое да дадам, туку за оние за кои е приготвено.”

Десетте, пак штом го чуја тоа, негодуваат против Јаков и Јован.

Исус кога ги повика им рече: „Знаете дека оние, што се сметаат за владетели народни, господарат над нив; и големците управуваат над нив.

Но меѓу вас нека не биде така; а кој меѓу вас сака да биде поголем, нека ви биде слуга; и кој сака меѓу вас да биде прв, нека ви биде слуга на сите,

Зашто и Синот Човечки не дојде да Му служат, туку да послужи и да го даде животот Свој за откуп на мнозина!”

Родителите повеќе се грижат за своите деца да ги обезбедат во овој живот финансиски и материјално, а не се грижат да ги обезбедат духовно. Да стекнат духовен капитал и правилно да ги победуваат сите искушенија и предизвиците во животот. Да се стекнат вистинските и вечни вредности на трепение, милост, пост, молитваа, љубов и на тој начин да стекнат наследство за вечното царство небесно. Тоа е многу поважно отколку да се стекнуваат богатства и позиции овде на земјата. А тоа се стекнува само преку Христос, односно преку следењето на Неговиот пример. Кога нашиот живот ќе го усогласиме со Неговиот. Христос не дојде да му служат туку да послужи. Не му беше тешко да се постави најпоследен и да послужи на сите нас, затоа што љубовата на тоа го поттикнува.  И тоа Тој го направи лично, не чекаше на некој друг, туку Самиот Тој посака тоа да го направи, и го направи.

И затоа секој оној кој што ќе се возвнесува и сака земни позиции, поставувајќи се пред другите, тој постапува како овие двајца Негови ученици. А одговорот однапред го знаме. Таквиот самиот се лишува од Христовата близина и вечното царство, а оној што се смирува и се поставува на последното место, тој е најсличен на Христос, и затоа првите ке бидат последни и поселедните  први.  

Ние денес, иако свесни на Христовото Евангелие на што Христос не учи, за жал остануваме упорни во нашата лудост овде на земјата да се бориме за позиции, занемарувајќи или тотално не грижејќи се за царството небесно.

Луѓе, Христос, не послужи само на тие кои во тоа време биле живи, туку и на нас и на секој човек роден од жена на земјата од Адама до последниот кој ќе се роди. Толкава е Неговата љубов и жртва.

А ние не можеме да го поднесеме нашиот брат, сестра кој(а) што е до нас, а камо ли да се покорориме и да им послужиме. Напротив, го посакуваме и правиме обратното. Меѓутоа да не забораваме, Христос е јасен во тоа дека последните ќе бидат први, а првите последни. Дека оној кој што им служи на другите ќе биде воздигнат и ќе биде спасен, и тоа е за кого што е подготвено царството небесно.   

Оној кој што ќе се потруди, оној што ќе ја пие чашата којaшто ја пиел Христос, и се крштева со крштевњето со кое се крштева Христос – тој ќе биде и соучеcник во Неговиот вечен живот. Тоа е чашата од која пие Христос, чашата на искушенитео, чашата на трпението, чашата на послушанието, чашата на љубовта.  

Љубовта пред се e таа што нас не побудува да го правиме тоа или не, и според љубовта ќе бидеме судени. Според тоа колкaва љубов сме покажале во животот, ќе бидеме поставени од левата или десната страна Христова, и според љубовта или поточно според нељубовта ќе бидеме отфрлени таму каде што не е Oн, во вечната темнина, тага и мака.

Царствот небесно е царство на апсолутната љубов и оној кој што овде на земјата не научил да љуби, оној кој што овде на земјата не научил да биде/да се поставува на последното место, оној кој што овде на земјата не научил да се жртвува за своите ближни па дури и, според Христовите зборови, и за своите непријатели, – тој за жал таму не ќе се снајде и затоа самиот ќе отпадне и ќе биде на местото кај што самиот себеси си го определил во вечните маки во отсуството Христово.

Нека Господ Исус Христос по молитвите на светатa Mарија Египјанка ни даде нас да се ослободиме од нашите заробености, да го следиме Христос, да се поставуваме на последното место и да го наследиме царcтвoто небесно.  

Амин  

Отец Гаврил Галев
игумен на манастирот „Свети Климент Охридски“,
Кинглејк, Мелбурн, Австралија

02 / 04 / 2023


About The Author