// Google analytics code

Светиот Наум Охридски Чудотворец – Отец Гаврил Галев

св. наум~+~

Добрата и питома маслина, добри и питоми плодови раѓа. Така и Преподобен отец Наум, воспитан од неговите благородните родители, својот животен пат го избрал потполно да му се посвети и служи на Бога. Уште од младоста се откажува од своето благородство и богатство и им се придружи на рамноапостолните словенски браќа Методиј и Константин-Кирил Философ. Станувајќи им придружник на овие прекрасни мажи и благовесници на Вистината, се предаде себеси во духовно раководтво на нив, бивајки им во се послушен. Нив ги имаше за пример во сè и за свои учители, поучувајќи се во нивното училиште од делата на свети Дионисиј Аероипагит, свети Јустин Философ, ,големите кападокиски отци, свети Василиј Велики , свети Григориј Богослов исвети Григориј Ниски, како и свети  Јован Златоуст,  свети Јован Дамаскин, со тоа подготвувајќи се за големото апостолско дело што го очекуваше.

Дејноста на свети Наум е тесно поврзана со мисионерската дејност на светите браќа Методиј и Кирил. Околу 863 година тој заминyва со нив во земјите на Централна Европа. Патувајќи со нив по населените места на новоформираното Кралство на Моравија – на територијата на среден Дунав, меѓу Чешка, Баварија и Словачка – овој вистински Христов апостол беше подложен на многу искушенија: беше биен, исмејуван, хулен, претрпувајќи долги и бескрајни тегоби и тешкотии, затвори, насилства и студ, и протерувања од непријателите Христови и на Верата. Но, Господ го поткрепи нивното богоудно дело и за кратко време мисијата на овие свети Отци доживеа голем успех, во голема мера затоа што тие го знаеја локалниот јазик. Со цел да привлечат мнозина за да Го познаат Христос, и да ги просветлат со светлината на благочестивата вера и со пишаното слово, се спротивставија на тријазичната ерес според која словенскиот јазик не беше достоен за на него да се шири Словото Божјо, туку оваа чест беше припишувана само на три јазици: еврејскиот, грчкиот и латинскиот. Раководени од зборовите на Спасителот: „Одете по сиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание“ (Марко 16, 15), тие го преведоа Светото Писмо – Стариот и Новиот Завет како и Литургијата на свети Јован Златоуст од грчки на словенско-македонски јазик, создавајќи ја за оваа цел глаголицата, предавајќи го јасно словенскиот збор со букви и со изразни зборови. На овој начин ѝ дадоа на својата мисија цврста основа во Светото Писмо и богослужбени книги.

Пред да го објават тоа корисно и Божјо дело меѓу тамошните народи, светите Методиј, Кирил, Климент, блажениот Наум и другите со нив свети ученици-апостоли, заедно решија да го претстават пред Вселенската Црква, за да добие сила и потврда. Ги зедоа со себе книгите, и исполнети со Божјиот Дух, околу 869 г. стигнаа во старата престолнина на Ромеите – Рим. Тогаш беше архиереј големиот Адријан II (867-72). Тој, откако разбра за доаѓањето на Светите отци, ги пресретна оддалеку со целиот свештенички собор и торжествено ги прослави, како што се практикувало во такви случаи за светители. А свети Наум, иако беше помлад од сопатниците, им беше еднаков на своите сотрудници во апостолската ревност и во чудотворната сила, како и во ученоста и во познавањето на многу јазици. Таму, кога влегуваа во градот, Господ, Кој ги прославува оние што Го слават, покажа преку Своите служители натприродни чуда. Така многу слепи прогледаа, мнозина свиени се исправија, глуви и неми проговорија и прослушаа, хроми проодија, а други пак се очистија од нечистите духови и се исцелија од разновидни болести. Од тие чуда и од други Божји откровенија, кога архиерејот виде и сфати дека се од Бога дела, ги замоли Светите отци да му ги покажат книгите што ги преведоа. Штом му ги донесоа, тој ги провери со целата своја строгост, срамнувајќи го грчкиот со словенскиот текст, ги прогласи за веродостојни, ги одобри како погодни во секој поглед за евангелизација на словенскиот народ, и рече: „Господ е благословен! Овие книги се вистински принесувања жртви на Бога, Нему угодни!“ Потоа тие отслужија Божествена Литургија и папата го потстрижа во голема схима Константин и го нарече Кирил, а Методиј го назначи за Архиепископ на Моравија и цела Панонија, со седиште во древната епископска столица Сирмиум (Сремска Митровица), со јурисдикција над словенските земји на Панонија, Моравија, Словачка и дел од Хрватска. Потоа ги ракоположи светите Климент и Наум заедно со другите свештеници и ѓакони и благослови да се служи Литургија на словенски јазик во градските цркви.

Откако Светите отци го исполнија доброчестивото дело, тие сакаа да се вратат назад, секој во своето место. Тогаш ги пресретна целиот народ од градот со големи почести и љубов. А и тие се трудеа секаде каде што имаше тешкотии и болести да исцелуваат. А начинот на кој лекуваше свети Наум беше чудесен и достоен да се прикаже: од неговите очи се излеваше исцелителска сила, која ги лекуваше болестите кај ониe кои со вера ќе погледнеа во очите на овој свет угодник Божји. Со сила беа одделени оние кои ги следеа, со многу солзи и со тажни лица, и на крајот, кога се простуваа еден од друг со целиви и духовна љубов, благословувајќи ги, Светителите тргнаа на пат.

По кратко време, на 14 февруари 869 г., во манастир во Рим се упокои богоносниот Кирил и неговото сефално тело беше положено во храмот на свети Климент Римски. А свети Методиј, пак, ја остави жалоста по својот роден брат Кирил зад себе, и откако доби разрешување од блажениот папа Адријан, отиде со сите свои ученици во Панонија, a таму сè добро уреди и поучи. Свети Методиј 24 години носеше архиерејски чин во Моравија и Панонија и покрај другата дејност, раководеше во Велеград словенско пастирско училиште, каде што учеа многу ученици и каде што беше центарот на словенското богослужење и образование за тие држави. Кога умре во 885 г., тој остави голем број ученици (свештеници, ѓакони, ипоѓакони), до 200 на број, кои беа воспитаници на тоа училиште, во чие подготвување секако учествуваше и презвитерот Наум, меѓу другите избрани ученици, кои ревносно проповедаа во својата околина, пишуваа и преведуваа црковни книги.

Првенството меѓу учениците го држеше Горазд, кого самиот свети Методиј го прогласи за Моравски Архиепископ кога доби известие од Господ за своето упокојување. Но дрската толпа од еретици не престана да се бори против него дури и по неговата смрт. Така тие го лишија Горазд од епископска власт и архиерејството го презеде некој Латин, наречен Вихинг, кој беше опијанет од беснотијата на ереста. Тој со својата група почна да го напаѓа православното мнозинство на учениците на свети Методиј. Исполнет со еретичкото учење на Македониј и Аполинариј, тој го преврти целото светоотечко учење на свети Методиј и бараше од верните да исповедаат дека Синот е роден од Отецот, а дека Духот излегува од Синот. Тогаш Светите почнаа да се борат против тие соблазнувања и силно да го проповедаат правилното учење за Светиот Дух, преобраќајќи мнозина во Православието и гласно исповедаа: „Ние веруваме дека Духот произлегува од Отецот и дека Отецот е причина на раѓањето на Синот, но дека е присутен во Синот и секогаш преку Него се раздава на достојните. Меѓутоа, едно е излегување, а друго е раздавање. Првото го објаснува начинот на постоењето на Духот, зашто, како што е Синот од Отецот по раѓање, така е Духот по произлегување од Него.

IMG_8239После сите тие големи искушенија Светите Климент и Наум, сe насeлилe, сo пoмoш на царoт Бoрис Михаил, на брeгoвитe на Oхридскoтo Eзeрo. Cвети Климeнт дeлувал какo eпискoп вo Oхрид, а свети Наум на јужниoт брeг на eзeрoтo oснoвал манастир, кoј и дeндeнeс гo украсува тoј брeг какo штo имeтo на свети Наум ја украсува истoријата на слoвeнскoтo христијанствo – кoј низ вeкoвитe бил извoр на чудoтвoрна сила и прибeжиштe на бoлнитe и страдалницитe. Oкoлу светиот отец наш Наум сe сoбралe мнoштвo мoнаси oд сeкадe на Балканoт. Свети Наум бил мудар учитeл, eдинствeн ракoвoдитeл на мoнаситe, рeшитeлeн пoдвижник, чудoтвoрeн мoлитвeник и духoвник. Нeумoрниoт трудбeник свети Наум пoсeбнo сe трудeл на прeвeдувањeтo на Светото писмo и oстанатитe цркoвни книги oд грчки јазик на слoвeнски. Правeл чуда и зa време на неговиот живот и пo смртта. Нeгoвитe чудoтвoрни мoшти и дeнeс зачудуваат сo мнoгубрoјнитe чуда, пoсeбнo сo исцeлувања oд тeшки бoлeсти, а пoсeбнo лудилo. Сe упoкoил и сe прeсeлил вo радoста на љубeниoт Христoс вo првата пoлoвина на X вeк.

Отец Гаврил Галев
игумен на манастирот „Свети Климент Охридски“,
Кинглејк, Мелбурн, Австралија

05 / 01 / 2023


About The Author