Се што дише нека го фали Господа
Постариот манастирски пчелар во манастирот Есфигмен на Света Гора, Отец Кириак, во едена од манастирските пчелини кошници ставил рамка со саќе на кој имало мала икона од хартија на Пресвета Богородица “Неовенлива ружа” (Инаку творец на оригиналната икона бил претходниот Игумен – старец Енфимиј), а во друга рамка поставила икона на Свети Нектариј Егински Чудотворец епископ Пентаполски.
Неколку дена подоцна. Отец Киријак ја отворил кошница, и бил изненаден кога видел дека пчелите на двете рамки изградиле ќелии од свеж восок, a ликовите и на двете икони, Богородица со дете и свети Нектариј, биле совршено чисти и непокриени со ќелии, како што се гледа на фотографиите.
Oчигледно е дека безсловесните пчели ги препознаваат светиите Божји и ги почитуваат не покривајки ги со саќе нивните пречисти образи.
Навистината, “Се што дише го фали Господа” (Пс. 150,6), Господ им дава мудрост и разум на безсловесните пчели за пофалба Божја, на оние кои веруваат и разобличување и поука на оние кои не веруваат во Бог и не ја почитуваат Неговата Пречиста Мајка и светиите.