// Google analytics code

The Holy Apostle Andrew the First-called ~ + ~ Светиот Aпостол Андреј Првоповиканиот

St Andrew 3~+~

Andrew, the son of Jonah and brother of Peter, was born in Bethsaida and was a fisherman by trade. At first, he was a disciple of St. John the Baptist, but when St. John pointed to the Lord Jesus, saying, Behold the Lamb of God! (John 1:36), Andrew left his first teacher and followed Christ. Then, Andrew brought his brother Peter to the Lord. Following the descent of the Holy Spirit, it fell by lot to the first apostle of Christ, St. Andrew, to preach the Gospel in Byzantium and Thrace, then in the lands along the Danube River and in Russia around the Black Sea, and finally in Epirus, Greece and the Peloponnese, where he suffered. In Byzantium, he appointed St. Stachys as its first bishop; in Kiev, he planted a Cross on a high place and prophesied a bright Christian future for the Russian people; throughout Thrace, Epirus, Greece and the Peloponnese, he converted multitudes of people to the Faith and ordained bishops and priests for them. In the city of Patras, he performed many miracles in the name of Christ, and won many over to the Lord. Among the new faithful were the brother and wife of the Proconsul Aegeates. Infuriated by this, Aegeates subjected St. Andrew to torture and then crucified him. While the apostle of Christ was still alive on the cross, he gave beneficial instructions to the Christians who had gathered around. The people wanted to take him down from the cross, but he refused to let them. Then the apostle prayed to God and an extraordinary light encompassed him. This bright illumination lasted for half an hour, and when it disappeared, the apostle gave up his holy soul to God. Thus, the First-called Apostle, the first of the Twelve Great Apostles to know the Lord and follow Him, finished his earthly path. St. Andrew suffered for his Lord in the year 62 A.D. His relics were taken to Constantinople; his head was later taken to Rome, and one hand was taken to Moscow.

 

St_Apostle Andrew 1 (2)~+~

Светиот Aпостол Андреј Првоповиканиот

 

Син на Јона и брат на Петар, родум од Витсаида, рибар по занимање. Најпрво му беше ученик на Св. Јован Крстител, но кога Св. Јован покажа со прст на Господ Исус велејќи: „Еве го Јагнето Божјо!“ (Јован 1, 36), тогаш Св. Андреј го остави својот прв учител и тргна по Исуса. Потоа го приведе кон Господа и својот брат Петар. По слегувањето на Светиот Дух на овој прв апостол Христов му падна во дел да го проповеда Евангелието во Византија и Тракија, потоа во земјите Дунавски, па во Русија и околу Црното Море и најпосле во Епир, Грција и Пелопонез, каде што и пострада. Во Византија постави прв епископ во лицето на Св. Стахиј; во Киев забоди крст на високо и прорече блескава христијанска иднина за рускиот народ; во Тракија, Епир, Грција и Пелопонез преведе во верата мноштво народ и им постави епископи и свештеници. Во градот Патрас изврши многу чуда со името на Христа и придоби многумина за Господ, меѓу кои беа братот и жената на царскиот намесник Егеат. Разјарен заради ова Егеат го подложи Свети Андреј на маки, а потоа го распна на крст. Додека беше жив на крстот, апостолот им кажуваше на христијаните што се беа собрале околу неговиот крст корисни поуки. Народот сакаше да го симне од крстот, но тој се спротивстави на тоа. Најпосле апостолот почна да Му се моли на Бога и притоа некоја необична светлина го заблесна целиот. Тоа светло озарување траеше околу половина час, а кога исчезна апостолот Му ја предаде својата свeтa душа на Господ. Така го заврши својот земен век првоповиканиот апостол, којшто прв од Дванаесетте големи апостоли Го позна Господа и тргна по Него. Пострада за својот Господ во 62 година. Неговите мошти беа пренесени во Цариград. Подоцна главата му ја пренесоа во Рим, а едната рака во Москва.

 

13 / 12 / 2020


About The Author