Покајание – Отец Гаврил
Покајание – Отец Гаврил
Нашето слово за покајанието ке го започнеме со еден пример од Отечникот. Кога еднаш Авва Серапион пропатувал преку едно село во Египет, здогледал блудница што стои пред својата кука, и и’ рекол да се подготви, зашто сака нокта да ја помине со неа. Но кога дошол наместо да блудничи тој почнал да го извршува своето молитвено правило, правејки молитви и прозби и за неа. Тогаш блудницата сватила дека Аввата не дошол за грев, туку да ја спаси нејзината душа од ропството на грвот, гаволот и смртта. Почнала да се тресе, во ужас паднала пред нозете на Аввата и го молела говорејки му:
“Авво, направими услуга и поведиме тамо каде што ке можам да го пронајдам Бога!” Тогаш Старецот ја одвел во еден девички манастир и ја предал на Игуманијата велејки и: ” Примија оваа сестра и’ немој да и наметнуваш јарем или заповед како на останатите сестри, туку што сака дај и’, и дозволи и’ да го поминува животот како што сака!” Кога поминале два дена таа рекла: “Јас сум грешна. Сакам да јадам секој втор ден”. По неколку дена рекла: “Моите гревови се многубројни. Сакам да јадам секој четврти ден.” По неколку дена таа ја замолила мајката (Игуманијата) велејки и’: “Бидејки многу го разжалостив Бога со своите беззаконија направими услуга, ставиме во келија и заsидаја , па преку еден отвор донесувајте ми по малку леб и ракоделиe.” Старицата така и направила, а блудницата му угодувала на Бога во овој живот.
Од посочениот пример можеме како заклучок да го извлечеме она што Лествичник ни го наведува како вовед: дека покајанието е возобновување на крштението и договор и помирување со Бога за поправање на својот живот, купување на смирението, самоосудување и грижа за своето спасение, отфрлање на телесните утехи и грижите за надворешните работи, истоштување на телото со пост и правење добри дела спротивни на претходните гревови.
Покајанието е постојан подвиг кој започнува сега и овде, а завршува со смртта. Зашто по смртта следи суд и нема каење (Евр. 9,27). Треба да не пагаме со духот во очајување ако секој дневно се греши, туку повторно и повторно да се подигаме, а Бог заради трпението и Неговата неискажлива милост ке не укрепи, како што Авва Сисој му рекол на еден брат, кога овој му се жалел дека повторно паднал: “Подигнисе и повторно подигнисе, се до крајот на твојот живот, само смртта да не те најде во таква состојба”. А едниот час од топлото покајание на блудницата со Авва Јован Колов, Бог го прифатил поскоро отколку каењето на многумина кои покажуваат долго, но не и топло покајание. Но, не треба да се подлегне на помислата дека Бог е милостив, па затоа можеме да си допуштиме да грешиме, зашто истата таа помисла, по извршениот грев, ке ни го претстави Бог како жесток и неумолив. Како и на помислата: “Не плаши се, тоа не е ништо, гледај да не направиш поголеми гревови.”
Потребно е чистата совест секогаш да се има за светилник, а пак ако таа престанала да не разобличува да внимаваме, тоа да не е, не заради чистотата, туку од замор или безчуствителност.
Покајанието се одржува со непрестајно секавање на смртта, размислување за претходните добри дела, гревот и неговите последици и со многу поклони, непрестаен плач и обилни солзи.
Покајанието го изгонува смеењето, празнословието, лутината, гневот, расправањето, мрзливоста, дрскоста, угодувањето на телото, насладувањето и грижата за што било земно, суетата, гордоста и осудувањето.
“Од покајание се разгорува молитвата и се рага надежта. А оној што вистински се грижи за своето спасение, го смета за загубен секој ден во којшто не плачел за своите гревови, макар и да извршил во него некое добро дело “, како Авва Арсениј за кого што се зборувало дека за време на неговиот живот, додека вршел ракоделие во крилото имал крпа со којашто си ги бришел солзите што како извор истекувале од неговите очи, а трепките му отпаднале од плачење.
Кога Авва Пимен слушнал за смртта на Авва Арсениј воскликнал: “Блажен си ти Авво Арсениј, зашто се исплака себеси во овој живот. Зашто оној кој не се оплакува себеси овде, таму ке плаче вечно. Било овде доброволно, или таму од маки, невозможно е да не се плаче”. И Авва Лествичник го дели мислењето со Авва Пимен дека се поблажени оние што паднале и плачат, отколку оние што не паднале, а и не плачат.
А за тоа, дека Бог не ослободил од гревовите сведочи и Духот Божји пројавен преку љубовта и страданието кон оние што грешат, како и најдлабокото смирение.