// Google analytics code

Тројца старци/Three elders

OLYMPUS DIGITAL CAMERAБожјите мерила се поразлични од човечките. И спасението и човечката блискост со Бога не зависат од неговата ученост ниту од ерархиските чинови, туку од благодатната љубов и светоста кои во себе ја носат.

Еве еден таков пример: на ферибродот каде патувале Руски поклоници во Солвјецкиот манастир, Архиепискотот на градот Архангелс слушнал од некои патници дека на блискиот остров живеат во осаменост тројца монаси кои целиот свој живот го посветиле на молитвата. Еден од нив по раст бил мал, подгрбавен и многу стар, но секогаш насмеан и незлоблив како Ангел Господов. Вториот-нешто покрупен, неверојатно силен, можел да го преврти чамецот со еден потег. Третиот највисок, имал долга брада која го покривала се до колена.

Сакајќи да дознае за нив, Архиепископот го замолил капетанот да го допре ферибродот, и со чамец да го префрли на тој мал остров. Таму веднаш ги забележал и ги препознал тројцата старци. На прашањето во што се состои нивната побожност и како се молат на Бога, тие му одговориле дека знаат само една молитва „ Вие сте Троица, ние сме троица, смилувајте се на нас! “

На овие зборови се насмеал Архиепископот и почнал татковски да ги упатува во основите на вистинската вера. Со голема мака и трпение, ги учел да ги изговорат „ Оче наш “ напамет. Тие се труделе нешто да научат, но веднаш ги заборавале научените зборови. И така со нив поминал цел ден. На крај тие со благодарност го испратиле и направиле пред него голема метанија. Архиепископот се вратил на ферибродот дури навечер. Останал долго, размислувајќи за тие Божји угодници. Наеднаш на хоризонтот далеку зад ферибродот, забележал некаква светлост, која станувала се посветла и поблиска.

Капетанот и некои патници исто така ја забележале таа појава, само не можеле да разберат дали е некоја риба или птица која светли. Со страв и трепет ги препознал тројцата старци, кои држејќи се за раце, по ферибродот трчале по морето како да газат по суво! Кога стигнале, му се пожалија на архиепискот дека ги заборавиле зборовите од молитвата „ Оче наш “ и го замолиле повторно да ги научи, а тој им рекол: „ Вашата молитва дошла до Бога, свети старци. Не сум достоен да ве научам. Молете се за нас грешните!“ и направил голема метанија пред нив. Старците заминале, а трагот на светлоста долго сјаел по морето.

 

 

dthumbThe standards of God are different to the human ones. The salvation and mans closeness with God does not depend of his education nor the eparchial ranks, but from the gracious love and holiness which they carry within them.

Here’s an example: Some Russian pilgrims traveled on a ferryboat to the Solovetsky Monastery, when the Archbishop of the city Archangel, overheard some passengers talking about three monks who live in solitude on a nearby island, and who have devoted their whole life to prayer.  One of them was small in stature, hunched and very old, but always smiling and meek as an Angel of God. The second one – was slightly bigger, and incredibly strong. He could turn over a boat with one stroke. The third was the tallest. He had long beard that covered his knees.

Wanting to know more about them, the Archbishop asked the captain to stop the ferry, and with a motor boat go to that small island. On the island, he immediately noticed and recognized the three elders. On the question, of what constitutes their piety and how they pray to God, they answered that they know only one prayer, “You are Trinity, we are three, have mercy on us! ”

At these words the Archbishop smiled, and he started teaching them the basics of the true faith. With great trouble and patience, he was teaching them to say the prayer “Our Father” by heart. They tried to learn, but they would immediately forget the words. And so he passed the whole day with them. At the end of the day they farewelled him with gratitude and made a full prostration before him. The Archbishop returned to the ferry in the evening. He was thinking about those God pleasers for a long time. Suddenly, on the horizon far beyond the ferry, he saw some kind of light that became brighter and closer.

The captain and some passengers also noticed this phenomenon, but they could not understand whether it was a fish or a bird that shined so bright. With fear and trembling he recognized the three old men, who were holding hands and running after the ferryboat, on water, as they would run on dry land!

When they arrived, they complained to the Archbishop that they had forgotten the words of the prayer “Our Father” and they asked him to teach them again, but he said: “Your prayer reaches God, oh holy elders. I am not worthy to teach you. Please, pray for us sinners” and made a full prostration before them. The elders went back, but a track of light was glowing on the sea for a long time.


About The Author