// Google analytics code

Соборниот психофизички подвиг во Црквата

22589Верниот, во мерата на чистотата на своето срце, го чувствува тоа свето, благодатно, тајно, љубовно проникнување (περιχωρισις) што Светата, Едносушна, Неразделна и Неслиена Троица го објавува.

Оттука потекнува и ова радосно но и страшно чувство дека секоја наша мисла, збор или дело содржат соборни размери и значение. Се пренесуваат и одекнуваат низ целата Црква. Што се однесува до нас, со секој мој психофизички двиг или ви помогнувам или ви одмогнувам на патот кон спасението, но исто така и вие ми влијаете. Ова благодатно чувство за мене е секогаш единствен вистински и непресушлив извор на покајание.

г. Наум Митроплит Струмички


About The Author