// Google analytics code

Поранешен Талибанец постана Православен

Ахмед е роден и израснат во едно село во Авганистан, на сред од војна. Бил воспитан и образуван во духот на радикалниот ислам во изучување на коранот и војните.

Работел за Талибанците и бил фанатички исламист. Постојано војни, насулцтво, омраза…

Таквиот живот му омрзнал. Се чуствувал многу бедно и испразнето па затоа решил да избега од таму. На 23 годишнас возраст илегално се префрлил преку Пакистан и Ирак  во Турција ,каде што без документи работел две години.

Една зимска ноќ пред 9 години заедно со уште еден другар, иако не знаеле да пливат, се решиле со обичен гумен чамец за деца, со две весла и 4 – 5 шишиња со вода се префрлат во Грција.

Патувањето било многу долго и опасно. Таа вечер имало и големи бранови и тие биле преплашени, но Господ ги чувал. По 10-часовно патување стигнале на копно во подмножието на една многу остра каменита и стрмна планина. Успеале да се искачат и дошле до еден селски пат. Одејки по него сренале некоја постара жена со дете, облечена во црно и со покриена глава. Мислеле дека е муслиманка. Неговиот другар знаел неколку зборови на англиски, ама жената ниту еден. Им дала неколку парички за попат и со рака им го покажала правецот по кој да одат. Стинале на голем асфалтен пат и од таму се прфрлиле до Пиреја.

Во Грција, Ахмед, веднаш нашол работа и работел чесно. Во меѓувреме си ги средувал документите за постојан престој поднесувајќи молба за политички азил.

Каде што живел во Атина, често поминувал покрај црква и се нешто го влечело да влезе во неа. Еден ден влегол. Почуствувал мир и тишина. Од тука си купил и Нов Завет, па си го читал. Оваа година на Пасха одлучил да стане христијанин.

На 5 ти Јули, на празникот на Преполовение на Педесетницата во светогорската ќелија Маруда над Каруња наспроти скитот св Андреј прво повикан на Света Гора, Ахмед го примил христијанството и се крстил како Александар.


About The Author