// Google analytics code

Господи, мојата душа е зафатена со Тебе … Старец Силуан

Господи, мојата душа е зафатена со Тебе цел ден и цела ноќ, и Те барам. Твојот Дух ме гони да Те барам и сеќавањето на Тебе го весели мојот ум. Мојата душа Те возљуби и се радува за тоа што Си Ти мој Бог и Господ, и до солзи тагувам по Тебе. Иако во светот сè е убаво, ништо земно не ме привлекува, а душата жеднее само по Господа. Душата што Го познала Бога, не може да биде задоволна со ништо на земјата. Но се стреми само кон Господа и повикува, како мало дете што ја загубило мајка си:

 “Тагува душата моја по Тебе и со солзи Те барам.” Душата станува како безумна од љубовта Господова. Таа седи, молчи, не сака да зборува. Како безумна гледа на светот и не сака ниту да го види. И луѓето не знаат дека таа Го созерцува Љубениот Господ, и дека светот остана во позадина, заборавен. Душата не сака да мисли на него, затоа што во него нема сладост. Тоа се случува со душата којашто ја познала сладоста на Светиот Дух. “О, Господи, дај ни ја таа љубов низ целиот Твој свет!” “О, Духу Свет, живеј во нашите души, за сите заедно да Го славиме Создателот, Отецот, и Синот, и Светиот Дух. Амин.”


About The Author