// Google analytics code

Бескрајна е Божјата благост кон луѓето – Старец Гаврил Светогорец

| December 30, 2015

„Бескрајна е Божјата љубов и благост кон луѓето. Он нас нè љуби силно, бидејќи сме Негов род. Иако ние секој час се откажуваме од Бога, Он лесно не се одрекнува од нас. Но сепак Му е помило кога луѓето нарочно Му се обрнуваат. Он во вревата на градовите тешко да ги слуша и онака срамежливите, […]

ЗА БАДНИКОВИТЕ ПРОСЛАВИ – Митрополит Струмички Наум

| December 30, 2015

Официјално, како празник славењето на Рождеството Христово е воведено негде после Миланскиот Едикт од 313 година, кога престанало државното гонење на Црквата. На личен план, Рождеството Христово можеме вистински да го славиме ако со умот го пронајдеме влезот за внатрешноста во нашето срце, влезот за пештерата, каде што Христос положен во Јасли лежи. Прашање: Од […]

ГЛОБАЛИСТИЧКА МУСАКА – Календари – коледари – Митрополит Американско-канадски Методиј

| December 30, 2015

Секогаш кога ќе се почувствува ерупција во актуелната криза, или кризи, очајнички посегнуваме по некоја автодеструктивна онтолошка матрица: унијатството, богомилскиот дуализам, новокалендарството – како божем тие нешта магиски ќе ни ги решат проблемите. Но, што е под површината на таа маалска еуфорија, перверзната причина за ваквото реагирање? Независно од традиционалниот чаршиски напад на теоретизирање, што […]

За многуговорливоста – Игумен Гаврил

| December 28, 2015

Многуговорливоста е исто така голема демонска замка за губење на благодатта. Нашиот ум секогаш треба да е смирен, прибран и собран во молитвата, а многуговорливоста пак го прави умот да биде расеан и неконцентриран за молитвата и Бог, па затоа и оваа навидум наивна страст е голема пречка во подвигот за стекнување и зачувување на […]

Да пораснеме барем до Стариот Завет – Митрополит Струмички Наум

| December 28, 2015

Во минатата беседа реков дека сите треба да запаметиме: „Светиња со меч не се брани! Без оглед на тоа кој така направил, кој така рекол, кој тоа теолошки го брани, кој тоа го пренесува и кој тоа го застапува – ако сакате да сте барем малку од малку православни. Зарем Богочовекот Христос не е нашата […]