// Google analytics code

Љубовта е разликата меѓу  Стариот и Новиот Завет – Отец Гаврил Галев

~+~

Она што го разликува животот на Новиот Завет од Стариот и она зошто Христос го востанови Новиот Завет е токму љубовта. Љубовта е животот и критериумот на Новиот Завет со Христос и по тоа ние ќе знаеме на кого повеќе сме слични. Дали на паднатиот Адам или пак на новиот Адам – Христос, по тоа колкава љубов имаме. Христос затоа дојде да покаже како Бог го замислил човекот, затоа што Адам тоа го промаши. Љубовта е онаа која што нас не разликува од се друго, и љубовта е онаа која нас не прави слични на Бог.

Бог е апсолутна љубов и Он е милостив кон сите нас. Иако сме лоши и паднати, сепак тој не љуби и ни подарува се што имаме. Ние навистина сме лоши затоа што сме неблагодарни. Да се преиспитаме. Кога наутро сме станале и сме благодареле за денешниот ден? Кога навечер пред да си легнеме повторно сме благодареле за изминатиот ден? За воздухот што го дишиме, за храната што ја јадиме и за сите добрини во животот?

Многу ретко. Живеејќи го овој брз и окупиран стил на живот, скоро и никогаш “немаме” време да му заблагодариме на Бога. А да не зборуваме за други нешта и придобивки во животот.  Не само што не благодариме, туку си ги препишувавме како наша заслуга. Наместо кога ќе направеме нешто добро, му благодареме на Бога, ние се гордееме дека тоа сме го постигнале со нашите сили. И затоа поправо си го отежнуваме животот. 

Ама кога ќе благодариме на Бога и најголемата тешкотија се победува. Благодарењето на Бога, е она кое што најмногу ни го олеснува животот. Благодарењето е безнапорно носење на тежината на животните тешкотии и искушенија. Тоа e тоа што Бог вели дека Неговиот јарем е благ и лесен.

Бог ни ја оставил оваa наједноставна и проста заповед, да не го правиме на другите она што нам не сакаме да ни го правaт, како правило за живеење. Поедноставна, здравје. Не мора да бидеме големи Христијани за да живееме којзнае како, туку едноставно доволно е само ова правило да го исполнуваме. Да не го правиме на другите тоа што нам не сакаме да ни го прават. 

Цитатите   

Кога некој ќе ни згреши нешто, а поточно кога ќе ни го повредат нашето его, нашите страсти, кои се претвориле во идоли, тогаш стануваме како зверови, и не само тоа туку го помтиме тоа, го држеме во себе и злопамтиме. за век и веков.и тоа. Тој гнев, таа омраза, тоа непростување и секое зло во нас ќе не турне во пеколот, затоа што во рајот, односно таму каде што е Христос нема место ни за тронка гнев, ни за тронка нељубов, ни за тронка омраза, злопамтење итн.

Затоа треба да внимаваме на нашиот живот. Повторно ќе речам, не треба да ништо повеќе да направиме од тоа да ја исполнеме само оваа реченица:  многу едноставно е: Да не го правеме она на другите, она што нас не сакаме да ни го прават другите.

Затоа и Господ ја става љубовта како критериум во нашиот живот.

Во Стариот Завет Бог ги регулирал односите според кажаното: “око за око, заб за заб”, односно тоа кое што ќе ти го направи некој, и ти врати му со иста мера. Не одповеќе туку со иста мера, тоа било доволно во Стариот Завет. За жал, ние сме жестоки кон другите, а кон себе снисходливи.  Ние не го исполнуваме ни Стариот Завет, враќаме уште пожестоко на тој што ни згрешил, а камоли пак да ги сакаме непријателите. Ама само љубовта кон непријателите е нашето вистинско мерило колку љубов имаме. 

Всушност и непријателите се нашите најголеми пријатели. Тие ни го осветлуваат во нас она што ние не можеме да го видеме во длабочината на нашето срце. Тогаш кога некој ќе ја повреди нашата суета, кога некој ќе ги повреди нашите страсти, односно кон она што ние сме болно повразни, тогаш ќе видеме дали сме ослободени од тие страсти или тие страсти не заробиле и ни се побитни тие страсти на кои и робуваме одколку љубовта кон човекот, кон Бога итн.

И она кое што минатата недела се читаше за петте луди и петте разумни мудри девојки, за светилниците, за трговците, за купувачите се поврзува со денешното. 

Нашите светилници се нашите срца и тие треба да горат, треба да им се додава масло. А тоа масло се добрите дела. Сиромашните, болните, немоќните на тие коишто им треба помош, и тие луѓе кои што ќе знаат нас да не победат, ќе знаат да ни наштетат на некој начин, за кои што ние за жал си ги затвараме нашите срца а ние треба да им вратиме со љубов. Не е нешто друго туку едноставно љубовта на дело, ништо повеќе. 

 Апостолот пак што го читавме не’ учи на еден друг, повозвишен живот.  Свети Апостол Павле за себе вели дека знае човек некој пред 14 години без тело или co тело не знае, што се искачил до третото небо, што гo видел тоа што човек не може да го види никогаш овде на земјата. Чул она што не може да се слушне и да се почувствува во овој живот. Тоа е нашата цел, тоа е нашиот призив, и тоа е за кое што Бог го создал човекот.

Да бидеме милостиви, бидеме совршени како што е совршен нашиот Бог небесен.  Амин. 

Отец Гаврил Галев
игумен на манастирот „Свети Климент Охридски“,
Кинглејк, Мелбурн, Австралија

12 / 11 / 2023


About The Author