// Google analytics code

Четириесет Литургии

Како што веќе рековме, отец Пресвета Троица поради некои работи во манастирот Ватопед морал да замине во татковината, каде што останал девет месеци.

“Штом дојдов, сметав дека моја неодложна должност е да го посетам Ѓорѓија, син на незаборавениот Димитриј ( Димитриј беше обичен христијанин, но човек со голема доблест и побожност поради кои беше надарен со голема мудтост, така да беше познат по своите добри совети и поуки. Неговата мудрост и поуки поткрепија многу души, вкличувајќи го и старец Даниил во неговите млади години). Веднаш го прашав за упокојувањето на неговиот татко                  ( Димитриј ), за што веќе имав слушнато од многу луѓе. “

Одговарајќи на желбата на монахот од Катунакија, Ѓорѓија исцрпно го опиша упокојувањето на својот доблесен татко, пропратен со солзи во секој момент од своето приповедање. Едно случување беше посебно впечатливо и затоа морам да го споменам.

Наоѓајќи се на залезот на  својот овоземен живот, благопросветлениот Димитриј, со благодатта Божја, беше запознат со денот на неговата смрт. Побарал до тој ден покрај него да биде побожниот, незлобливиот и свет ереј, отец Димитриј.

Му рекол:“отец, денеска ќе умрам ”. Кажи ми што треба да правам во тој пресуден момент.”

На свештеникот му бил добро познат неговиот доблесен живот. Знаел дека се исповедал и примил миропомазание, и дека се причестувал неколку пати. Кога ја слишнал оваа негова желба, му го посоветувал следново:

“ Ако сакаш, заповедај после твојата смрт за тебе да се одслужат четириесет Литургии во некоја од селските капели.

Смирено со радост го прифатил свештениковиот совет. Нешто покасно , го повикал својот син.

“Сине, ќе побарам од тебе една услуга. Барам за мене после мојата смрт да се одслужат четириесет Литургии во некоја црква надвор од градот.

“Дај ми го твојот благослов, татко. Ти ветувам дека ќе ја исполнам твојата желба.”

После два часа, овој Божји човек го предал својот дух на Бога. Неговиот син, без двоумење, се обратил кон о. Димитриј, не знаејќи дека токму тој го советувал за да му се одслужат четириесет Литургии.

“Отец, мојот татко ми заповеда да му се одслужат четириесет Литургии некаде надвор од градот. Знам дека понекогаш  Вие служите во црквата Св. Апостоли, па би Ве замолил Вие таму да ги одслужите тие четириесет Литургии. Јас ќе се погрижам за Вашиот труд и црковните трошкови.

Свештеникот со солзи рекол:

“Драг мој Ѓеоргиј, за тоа, јас го советував твојот татко. Ќе го спомнувам додека сум жив. Меѓутоа,  јас не можам да ги служам тие Литургии, бидејќи попадијата е болна. Мораш тоа да му го довериш на некој друг свештеник.”

Познавајќи ја побожноста на о. Димитриј и предаденоста на неговиот татко кон овој свештеник, Ѓеоргиј настојувал се’ додека не го убедил. Свештеникот се вратил дома и им рекол на сопругата и ќерките: “ Морам да служам четириесет Литургии за душата на добриот христијанин Димитриј. Немојте да ме очекувате во следните четириесет дена. За цело тоа време ќе бидам во црквата на Св. Апостоли.”

О. Димитриј почнал со служењето на Литургиите и оние триесет и девет ги одслужил без никакви пречки. Требал последната Литургија да ја одслужи во неделата. Меѓутоа, се случило, вечерта во саботата почуствувал страшна забоболка, поради тоа морал да се врати дома. Многу страдал од болки. Попадијата му предлижила да повикаат некого да го извади болениот заб.

“Не”, одговорил, утре морам да ја одслужам последната Литургија.”

Меѓутоа, некаде околу полноќ болката станала толку неподнослива што морале да повикаат заболекар, за да го извади забот. Бидејќи раната многу крварела, одлучил последната Литургија да ја одслужи во понеделникот.

Попладнето во саботата, Ѓеоргијспремал некои пари за свештеникот, со намера да му ги даде утредента како прилог за неговата трудољубива служба. Околу полноќ, во моментите кога настапила неделата, станал за молитва. Апсолутната ноќна тишина предизвикувала умиление. Кога потоа, уморен, саднал на креветот, му се појавиле сеќавања за доблестта, даровите и мудрите зборови на неговиот блажен татко. Низ неговиот ум поминала една мисла:” Дали навистина четириесет Литургии помагаат за душата на упокоениот или тоа го измислила Црквата само за да ги утеши живите ?” Поправо во тој момент го обземал лесен сон.

Се видел себеси на прекрасна ливада со неопислива убавина, поради што му се причинило дека воопшто не е на замјата. Притоа се почуствувал недостоен да присуствува на такво рајско место. Го обземало страв дека заради својата недостојност може да биде одалечен од таму и да биде фрлен во адските длабочини. Меѓутоа во тој момент го охрабрила една мисла:”Ако седобриот Бог веќе сакал, да се наоѓам овде, тогаш ќе биде милостив и ќе ме воведе во покајание, бидејќи штом сум уште во тело, мора да биде дека сум уште жив.”

После овие утешни мисли, во далечината видел најчиста и најблескава светлина која сјаела многу појако и од сонцето. Побрзал кон неа и видел, за свое големо изненадување, призор на неискажлива убавина. Пред него се распростирала шума-градина покриена со чудесно зеленило со неопишан миомирис. Во себеси си рекол:” Ова мора да е рајот ! Какво блаженство ги чека оние кои доблесно живеат на земјата!”

Доживувајќи ја оваа надземна убавина, видел и најубава палата со извонреден сјас и ненадминлива архитектонска складност, чии ѕидови биле поблескави од злато и дијаманти. Нејзината форма не можела да се опише со човечки зборови. Бил вчудоневиден и восхитен. Кога се приближил, радост ! Го здогледал својот татко, целиот светлоносен и прозрачен, како стои пред вратата од палатата.

“Како стигна тука дете мое”, со нежност и љубов го запрашал таткому.

“ Не знам ни сам, татко. Сватив дека не сум достоен за ова место. Но ти, кажи ми како ти е тука? Како ти си стигнал тука? Чија е оваа палата?

“Добротата на нашиот Спасител Христос и посредништвото на Мајката Божја која секогаш неизоставено ја почитував, ме удостоија за ова место. Требаше денеска да влезам во палатава, но бидејќи градителот кој ја подигаше е со лошо здравје денеска го извади забот четириесет дневното градење на палатава уште не е завршено. Поради тоа во палатава ќе влезам дури утре.”

После овие зборови Ѓорѓија се разбудил. Бил уплашен и зачуден но и обземен со некакви сомнежи. Таа ноќ повеќе не спиел непрестајно Го фалел и Го прославувал сведобриот Бог. Утрото отишол на Литургија во црквата Св. Преображение. Потоа земал просфора, осветено вино и свеки и тргнал во околината на областа “Митракија”, во која се наоѓала капелата на Св. Апостоли. Го затекнал о. Димитриј како седи во ќелијата.

Свештеникот со радост го поздравил, говорејќи: “ И јас само што стигнав од Литургија. Сега се одслужени сите четириесет Литургии.”

Го рекол тоа бидејќи не сакал да го натажи Ѓеоргиј.

Тогаш Ѓорѓија исцрпно му го опишал видението што го имал предходната ноќ. Кога стигнал до моментот во кој што го опишувал како неговиот татко не може да влезе во палатата бидејќи градителот имал забоболка, свештеникот го обзело силен страв, али исто така зачуденост и радост. Станал и рекол:

“Драг мој Ѓеоргиј, јас сум тој градител кој работеше на подигањето на палатата. Денеска не служев Литургија дека ми е изваден забот. Гледај, шамивчето во мојава рака, целото е натопено со крв. Те излажав бидејќи не сакав да те нажалам.”

Старецот Даниил длабоко бил потресен од оваа приказна. На крај Ѓеоргиј го убедил да оди и да го посети о. Димитриј кој во тоа време служел во предградската црква на Свети Јован Богослов. И свештеникот му го кажал истото и го замолил да ја запише оваа душокорисна историја. Така се случило, според тоа што го најдовме во неговите ракописи. На крајот отац Даниил допишал: Гореспоменатиот настан го слушнав во 1875 год, месец октомври. Овој незаборавен Димитриј се упокоил во 1869 г.

 

Од книгата: “ Современи Атонски подвижници”


About The Author