// Google analytics code

ХРИСТИЈАНСТВОТО И НАЦИЈАТА

Нема веќе ни Јудејци, ни Елини          
         [Македонци или Албанци или Власи итн.],
ни роб, ни слободен; нема машки пол, ни женски;
                зошто сите ние сmе едно во Христос Исус.
                                                                                                              (Гал. 3, 28)

 

ХРИСТИЈАНСТВОТО И НАЦИЈАТА

Црквата е единствен народ

  Архимандрит Рафаил (Карелин)

 

Какво значење има националноста во христијанството?

Христос дојде за да го спаси човекот – личноста. Во Стариот завет во овој поглед мислењето е дефинирано со некои општи категории (вклучувајќи го и факторот народност), личноста не беше ослободена, друштвото во голема мера имаше власт над личноста. По Христовото доаѓање на земјата дојде и до ослободување на самата човечка личност, на човечкиот дух. Поради тоа доброто и злото сега се разгледуваат како личносни категории, патот до совршенството е отворен за сите, но исто така и патот до погибел.

Националноста, културата и цивилизацијата се земски категории, а категоријата вечност е духот. Самата нација настанала во времето, таа е плод на одредени историски, географски, психолошки супстрати во кои се развива и постои, при што не постои изолирано, самостојно, туку само во заемно дејство со другите нации. Но сето тоа се категории на душата, не на духот. Духот пак е еден и токму затоа Господ им рече на апостолите: Одете и научете ги сите народи, крштавајќи ги во името на Отецот, и Синот, и Светиот Дух (Мт. 28, 19).

Нацијата не може да се одрече од Бога – Бог може да се одрече од личноста. Нацијата не може да биде христијанска, христијански може да бидат одреден дел на луѓе кои претставуваат дел од таа нација. Кога се споменува „христијанска држава“ тоа е само условно, но не и прецизно: државата не може да биде христијанска затоа што и државата и нацијата не ги обединуваат луѓето. Нацијата пред се’ е културно заедништво поврзно преку одредена традиција, обичаи, начин на живот, односно со се’ она што носи земен белег и и’ припаѓа на земјата. Христијанството не го негира она што припаѓа на земното битисување, но тоа дава друга скала на вредности. Најголема вредност за нас е Боженственото и Богоопштењето, но христијанството при тоа не уништува други вредности, туку ги одухотворува.

Ние сме само гости на земјата и секоја татковина за нас е туѓина и секоја туѓина за нас е татковина. Како тоа да се разбере?

Ако како точка на гледање ја земеме вечноста тогаш сет земен живот е момент, „пренатален“ период, а единстениот живот е вечниот живот. Меѓутоа и детето пред да се појави на светот, пред да се роди, се развива во утробата на својата мајка, тоа не може да го отфрли нејзиниот организам; така и земниот живот е налик на организам во кој се формира човечката личнот. Затоа за христијаните е недозволиво на земниот живот да гледаат како на нешто апсолутно, исто како што е недозволиво да го сметаат за ништо, затоа што токму овде, во овој земен живот се одвива формирање на личноста, овде се решава главното прашање: дали човекот во вечноста ќе биде со Бог или без Бог.

Црквата не е национална – Црквата е наднационална.

Црквата е еднинствен народ, тоа се христијаните!

Во Црквата нема категорија нација – во неа се луѓето обединети од Светиот Дух. Само христијанството не го уништува поимот за нацијата како таква: таа има врска со реалитетот на земниот живот во кој постоиме, а кој мора да ги одухотворуваме. Ние, христијаните мораме да поседуваме прецизна скала на вредности: пред се’ е Бог и пред се’ се потребите на човечкиот дух.


About The Author