// Google analytics code

Умирање за Христа или носење на сопствениот крст – Игумен Гаврил

imageУмирањето за Христа и Евангелието и носењето на Крстот во суштина е умирање на нашиот грешен острастен човек во нас и вокреснување на нашата вистинска чиста, во Христа од Бога создадена, личност. Само преку носењето на крстот се реализира личноста од образ во подобие Божјо. Односно да се има литургиска благодарност кон сè она што е допуштено, добро или „лошо“, а што ни се случува во животот.

Денес, се слават и светите четириесет Севастијски маченици. Тие биле изложени на најразновидни маки, а ниту се исплашиле, ниту се посрамиле, а ниту пак се соблазниле, дури и по цената на својот живот не отстапиле од мачеништвото за Христос – Кој им бил сиот Живот. Ги пуштиле во едно многу ладно и замрзнато езеро, а надвор поставиле топла бања за оној кој ќе се откаже од Христа. Но никој, освен еден, кој се соблазнил и се откажал прелагајќи го топлата бања на чие место, пак, за да се потполни бројот влегол друг, восхитен од верата на оние во езерото.
Маките во ладното и замрзнато езеро преставуваат носењето на својот крст, а топлата бања е светот и неговите лажни задоволствата, ветувања и раскоши. Зашто, кој сака да ја спаси својата душа, ќе ја загуби; а кој ќе ја загуби својата душа заради Мене и Евангелието, ќе ја спаси. ( Мк 8:35 ).
И според критериумите на овој век. Кога некој ќе се исплаши од борбата и ќе се предаде – него ниту своите ќе го сакаат, а ниту пак непријателот ќе го прими. Оние кои отпаднале, нив никој не и верува. А, ние пак од самото крштевање водиме духовна борба со ѓаволот и сите негови сили. Затоа треба исправно да стоиме пред предизвиците и искушенијата и да не му дозволуваме на непријателот да не поколеба и потчини. Господ е секогаш пред нас.


About The Author