Ти сеуште ја носиш…
Двајца монаси враќајки се накај манастирот, стигнале до една река која во моментот нивото на водата било зголемено, а покрај реката стоела некоја млада жена која размислувала како да ја помине реката, но од зголеменото ниво на водата таа се плашела да помине. Монасите си имале дадено завет на чистина, и така младиот монах без да и обрне внимание на жената бргу ја преминал реката.
Жената го замолила постариот монах да ја премине преку реката, па тој молчечкум ја зел на својот грб и ја преминал преку водата.
Кога стигнале на брегот, ја спуштил жената на земја, и со помладиот монах го продолжиле патот.
Одејќи по патот, на младиот монах целовреме му се вртела мислата во главата за тоа што постариот монах ја пренел жената преку реката. Конечно младиот монах неможел да издржи веќе па му рекол на постариот монах:
– „Како можеше тоа да го направиш?“- несмирено запрашал младиот монах,
– „Како можеше да ја погледнеш жената, па дури да ја подигнеш и да ја носиш? Зар не се сеќаваш на нашиот завет на чистина?“
Стариот монах со смирение и љубезност во очите му одговорил:
– „Брате, јас таа жена ја симнав од грбот и ја оставив крај реката, а ти сè уште ја носиш?”