// Google analytics code

Тихување

ss Постојат два вида на тихување.
Првиот е – тихување со устата. И тоа не е лошо, не штити од искушенија, а и не го повредува другиот. Но, недоволно е. Светите отци пустиножители говорат дека затвореникот кој седи во својата ќелија не видувајќи ништо и никого, сепак може да е сличен со змијата која седи во змијарникот, полна со своите отрови. Зошто сеќавањето на навредите, душата ја полни со гнев (исто како со отров).
Вториот вид на тихување е – внатрешното тихување. За ова пак тихување Отците говорат: постојат Старци кои говорат од утро до мрак, а при тоа непрестајно тихувајќи. Затоа што не изговараат ниту еден збор кој би бил некорисен како за себе, така и за било кој друг. Тоа е внатрешното тихување, кон кое би требало да тежнееме. Кога тоа ќе го достигнете и ќе престанете да го осудувате и непријателот свој, тогаш застанете. Застанете и заблагодарете Му се на Бога кој ви покажал толку голема милост. И нема да бидете далеку од чистите по срце. А блажени се чистите по срце, зошто тие ќе го видат Бог.
Валаамски Старац Михаил


About The Author