ТАЈНАТА НА ЦРКВАТА – Наум Митр. Струмички
Црквата е голема и Света Тајна. Тајна, којашто можеме да ја сфатиме само ние што живееме внатре во Неа, и тоа во рамките на она што при тој благодатен живот ни се открива. Во Црквата се делотвори благодатна заедница на Бога, Света Троица, со човекот. На Беспочетниот, Бесмртниот, Непоимливиот, Неизглаголливиот, на Несоздадениот со создаденото. Затоа, оваа Света Тајна во својата полнота е недостапна за нашиот разум и не- возможно е да ја опфатиме со ниту една дефини- ција. Сепак, некои димензии и многу тајни од животот на Црквата му се познати на човекот. Најмногу, пак, преку делата на Светите отци кои од жив, личен благодатен опит пишувале за Неа.
Од Светиот Апостол Павле па до денес, Светите отци Црквата најчесто ја нарекуваат Тело Христово. Согласно со нив, Богочовекот Исус Христос е Глава на Своето лично и собор- но Тело – Црквата, а верните, сите заедно, се Те- ло Христово и живи членови на тоа Тело и по- меѓу себе (Еф. 1, 22-23; 1 Кор 12, 27). Значи, Црквата пред с¢ е жив богочовечки организам.
Но каде ја препознаваме, каде се проја- вува и остварува Црквата како Тело Христово?
Полнотата, поистоветувањето на Црквата со Телото Христово, се остварува и се от- крива на Светата Литургија (Евхаристија), во на- родот Божји, собран околу својот помесен Епи- скоп и свештениците. Верните на Светата Ли- тургија, иако мнозина, стануваат едно, воскрес- нато и вознесено Тело Христово. Светиот Апо- стол Христов Павле вели: “Чашата на благосло- вот што ја благословуваме не е ли заедница на Крвта Христова? Лебот што го прекршуваме, не е ли заедница на Телото Христово? Зашто еден е Лебот, едно Тело сме многуте, зашто сите од еден Леб се причестуваме (1 Кор. 10, 16-17).
Во Своите Крв и Тело на Светата Литургија Богочовекот Христос највистински е секогаш со нас и постојано смирено им се принесу- ва на верните во сета Своја полнота. Во полнота на несоздадена благодат, вистина, слобода, љу- бов и напросто во полнотата на сите Богочовечки дарови, потребни за спасение и за обожување на човекот. Причестувајќи се со Христа, со не- создадената светотроична благодат (или енерги- ја), ние, како што велат отците, иако според сво- јата природа смртни и ограничени, стануваме благодатно беспочетни, насекаде присутни и бесмртни. Не според природата, туку според бла- годатта. Стануваме Божји чеда и богови по бла- годат. Затоа, заедницата и единството коешто го засноваме ние, православните христијани низ Светата Литургија, со Христа Бога и меѓу себе, е единство, длабоко битијно (бидејќи благодатно), што го ослободува човекот од ограничувањата на времето и на просторот. Така што секој член на Црквата живее, љуби и се спасува со помош на сите членови на Црквата, земни и небесни. Секој од нас живее благодатно и молитвено во сите и заради сите и сите живеат во секого и за- ради секого. Тоа е соборниот живот на Црквата. Притоа, животот на секого е негов сопствен жи- вот и личноста на секого е негова сопствена лич- ност, според икона и подобие на единството и личната заедница на нашиот Бог Света Троица.
Целиот човек во Црквата се исцелува, се обожува; и умната и разумна душа и телото. Умот просветлен однатре од несоздадената свет- лина, пристапува во познание на својот Создател. Смртта е победена од новото Битие – Црквата, од новиот живот – соборниот. Човекот ја наоѓа смислата и полнотата на своето постоење во веч- но лично восовршување во лична заедница со Троичниот Бог, Отецот и Синот и Светиот Дух, и со својот ближен. Ваквиот начин на живот поч- нува сега и овде.
Сепак, животот во Црквата претпоста- вува и сесрдно, редовно и свесно учество во Светите Тајни и Добродетели на Светиот Дух. Немаме заедница со Црквата, со нашиот жив и вистински Бог, Света Троица, со Пресвета Богоро- дица и со сите Светии ако не сме крстени, миропомазани, причестени исповедани или венча- ни, кога за тоа ќе дојде време. Исто така немаме заедница без молитва, без пост, без да се однесуваме со љубов спрема сите луѓе коишто Божјата промисла ги носи во нашиот живот.
Посебно како Епископ на нашата по- месна Црква и ваш духовен отец, ве потсетувам на она што нашиот Спасител Господ Исус Хрис- тос го има кажано за Светата Тајна Причест. “Вистина, вистина ви велам, ако не го јадете Телото на Синот Човечки и не ја пиете Крвта Негова, немате живот во себе. Кој го јаде Моето Тело и ја пие Мојата Крв, има живот вечен и Јас ќе го воскреснам во последниот ден. Зашто Моето Тело е вистинска храна, а Мојата Крв е вистинско питие. Кој го јаде Моето Тело и ја пие Мојата Крв, ќе живее во Мене и Јас во него. Како што Ме прати Живиот Отец и Јас живеам заради Отецот, така и тој што Ме јаде Мене, ќе живее заради Мене” (Јован 6, 53-57).
Не смеат да поминат денови како Велиг- ден, Петровден, Успение на Пресвета Богородица, Божиќ, без да се причестиме. Без Причест нема побожен живот. Исто така, добро е да се подготвиме за Причест со пост, со молитва и со исповед и во другите Христови и Богородични празници, за празниците на нашите големи маке- донски и сесловенски Светители Климент, Наум…, како и за храмовиот празник на црквата каде што одиме на богослужение. Бидејќи само причестени, највистински и најцелосно учеству- ваме во настанот што го празнуваме, а кој има особено значение за нашето списание. Ова не го велам само јас туку и Светите отци и каноните на Црквата.
Кратката молитва ‘Господи Исусе Хрис- те Сине Божји, помилуј ме грешниот (грешната)’ нека биде постојан придружник на нашиот живот, во радост и во тага. Кон постот одреден од Црквата треба сериозно да се придржуваме, но само во рамките на нашите духовни и телесни сили и секогаш во согласност со свештеникот, нашиот духовен отец. Од туѓи пастири, од разни бајачи и гледачи да се држиме понастрана. Тие не се слуги Христови.
А с¢ што правиме, да го правиме во слава на нашиот Бог, Света Троица. Амин.
Благодатта на нашиот Господ Исус Христос и љубовта на Бога и Отецот и заедницата на Светиот Дух, да бидат со сите вас.