// Google analytics code

Сретение, срешта, среќа! – Отец Гаврил Галев Meeting, get-together, happiness – Fr. Gavril Galev

IMG_9448-2-HDR~+~

Сретение, срешта, среќа! – Отец Гаврил Галев

Живото не е безсмислен. Има своја смисла и цел. Во ова наше секојдневие пак, како да сме ја изгубиле смислата и целта на нашето егзистирање. Постојано се’ некаде брзаме, нешто бараме и пак не стигнуваме и пак не наоѓаме.

Очигледно на погрешен начин бараме и кон погрешна цел стремиме.

А за жал, немаме, или поточно не наоѓаме, време да подзастанеме и размислиме…

Сепак животот има смисла и цел.

Во овој брз и бучен свет за се имаме време освен за себе, а тишината никој не ја бара. Само во тишината можеме да ја најдеме смислата и да ја лоцираме целта. Тишината е полнота на се’ и таа дава одговор на се’, ама сепак не ја бараме.

Кога мислам тишина, мислам прво на тишината во природата, како предуслов за внатрешната тишина.

Потоа тишината на мислите

И тишината во срцето.

Тишината како мир и полнотата на благодатта на Светиот Дух на умот во срцето.

Средба, сретение, срешта со Него којшто е смисла и цел на нашето постоење

Отец Гаврил Галев
игумен на манастирот „Свети Климент Охридски“,
Кинглејк, Мелбурн, Австралија

15 / 02 / 2021

 

IMG_9301 copy (2)~ + ~

Meeting, get-together, happiness – Fr. Gavril Galev

 

Life is not meaningless. It has its own meaning and purpose. In our everyday life however, it is as if we have lost the meaning and purpose of our existence.

We are constantly rushing and seeking something somewhere and yet, we are not reaching it and we are not finding it. Obviously we are looking in the wrong way and we strive for the wrong goal. And, unfortunately we do not have, or rather, do not find the time to stop and think.

However, life has a meaning and purpose. In this fast and noisy (busy) world we have time for everything except for ourselves and silence – no one is searching for that.

Only in silence can we find the meaning and locate the target (goal). Silence is completion of everything and holds the answers for everything, but we still do not search for it.

When I think of silence, I think firstly of the silence in nature, as a precondition for the inner silence.

Then the silence of the thoughts and the silence of the heart.

Silence is peace and the fullness of the grace of the Holy Spirit of the mind in the heart.

Meeting, encounter, get-together with Him Who is the meaning and the aim of our existence.

Fr. Gavril Galev

Abbot of the monastery “St. Clement of Ohrid”,

Kinglake, Melbourne, Australia

15 / 02 / 2021

Photo by: Fr. Gavril Galev


About The Author