// Google analytics code

Сретение Господово – Отец Гаврил Галев

IMG_5882~+~

Главниот настан и суштината на овој празник е смислата на сретението. Нашата лична средба со Бог, со својот брат/сестра и со самиот себе. Од таа средба доаѓа и среќата и за нас тоа би требало да преставува празник.

Мојата средба со Бог, со својот брат/сестра да предизвикyвa среќа и радост, како што тоа го почуствувал праведниот Симеон. Може само да замислиме каква била таа средба и што во тој момент тој чуствувал. Во тој момент за него се исполнила сета смисла на животот и затоа посакал веднаш да се упокои, за да ја претвори таа среба во вечност. Таа средба постанува победа над смртта и слобода.

Затоа што го љубел Бога, влегол во вечен мир, спокојство. Мир значи блискост. Прво со Бог, а потоа и со секој човек. Мирот ги приближува, присоединува луѓето кон Бога и едни кон други. Затоа е потребно уште сега, додека имаме време, да се помиреме со својот брат/сестра. Свештеник не смеe да служи Литургија ако не се во мир со сите. Тешко на таквиот ако не е во мир со сите.

Меѓутоа, исполнети со себе, нашиот ум е помрачен, па таа средба наместо среќа и празник, за нас постанува несреќа и трагедија. Ние сеуште пребиваме во нашите гревови и се наоѓаме во сенка смртна и вечна пропаст.

И на крајот. Да не заборавиме дека еден ден ќе мора да се преставиме пред Христос, да се сретнеме со Него лице во лице. Меѓутоа, верувајте ми дека тогаш, во лицето на Христос ќе го видиме секоја наш брат/сестра, особено оние со кои што не сме се помириле во овој живот и не сме биле во мир со нив. Тогаш ќе ни се посатави едно прашање: „ме љубиш ли?“

Од тој наш одговор ние ќе го заслужиме рајот или пеколот. Вечната радост, вечната среќа, вечниот живот, или вечната тага, вечната несреќа вечната смрт, која е одвоеност од Бог.

Изборот е наш!

о. Гаврил Галев
игумен на манастирот „Свети Климент Охридски“,
Кинглејк, Мелбурн, Австралија

15.02.2021 


About The Author